User manual

Table Of Contents
8
ТВ водич
8.1
Податоци од ТВ водич
Со ТВ водичот можете да гледате листа на тековни и
закажани ТВ програми на вашите канали. Во зависност од
тоа од каде доаѓаат информациите од ТВ водичот
(податоците), се прикажуваат аналогни или дигитални или
пак само дигитални канали. Не сите канали нудат
информации од ТВ водичот. Телевизорот може да собира
информации од ТВ водичот за каналите кои се
инсталирани на телевизорот. Телевизорот не може да
собира информации од ТВ водичот од канали кои се
гледаат од дигитален приемник или декодер.
8.2
Користење на ТВ водичот
Отворање на ТВ водичот
За да го отворите ТВ водичот, притиснете TV GUIDE. ТВ
водичот ги прикажува каналите на избраниот приемник.
Повторно притиснете TV GUIDE за да го затворите.
Првиот пат кога ќе го отворите ТВ водичот, телевизорот ги
скенира сите ТВ канали за информации за програмите. Ова
може да потрае неколку минути. Податоците од ТВ
водичот се зачувуваат на телевизорот.
Вклучување на програма
Од ТВ водичот, можете да се префрлите на тековна
програма.
За да се префрлите на програмата (каналот), изберете ја
програмата и притиснете OK.
Преглед на детали за програмата
За да погледнете детали за избраната програма:
1 - Притиснете OPTIONS, изберете Информации за
програмата и притиснете OK.
2 - Притиснете Назад за да ја затворите.
Промена на ден
ТВ водичот може да прикаже закажани програми за
наредните денови (до 8 дена максимум).
Притиснете го копчето во боја Ден и изберете го
саканиот ден.
Пребарување по жанр
Ако се достапни такви информации, можете да
пребарувате закажани програми по жанр како филмови,
спорт, итн.
За да пребарате програми по жанр:
1 - Притиснете TV GUIDE.
2 - Притиснете OPTIONS.
3 - Изберете Пребарување по жанр и притиснете OK.
4 - Изберете го саканиот жанр и притиснете OK. Ќе се
прикаже листа со пронајдените програми.
5 - Притиснете Назад за да го затворите менито.
* Забелешка: функцијата Пребарување по жанр е достапна
само за одредени земји.
30