User manual

Table Of Contents
овозможите телевизорот да поддржува HDMI- видео со
променлива стапка на освежување* / FreeSync Premium* /
G-Sync-видео* (само на одредени модели). Исто така, оваа
опција му овозможува на телевизорот автоматски да го
постави стилот на Слика/Звук во Игра секогаш кога ќе
добие информација од HDMI-уредот што е поврзан со
телевизорот.
• Изберете Оптимално (автоматски игри xxx Hz Pro) за да
овозможите играње игри во HDR10+, заедно со сите
функции поддржани во Оптимално (автоматски игри).
* Со поддршката за HDMI со променлива стапка на
освежување/ FreeSync Premium / G-Sync, телевизорот ја
менува стапката на освежување во реално време во
согласност со стапката на слики на сигналот за да се
синхронизира со секоја слика. Се применува за да се
намали доцнењето, треперењето и пресекување на
сликата за подобро доживување на игрите.
Забелешка: Компатибилноста со G-Sync е поддржана само
на некои модели на телевизори и графички картички од
серијата Nvidia GTX 30 или 40.
Забелешка:
за да гледате HDR10+ или Dolby Vision содржини од HDMI
извор, можеби ќе треба да го исклучите плеерот и
повторно да го вклучите кога плеерот поврзан со
телевизорот репродуцира вакви содржини за првпат.
Содржините со HDR10+ се поддржани само кога опцијата
HDMI Ultra HD е поставена на Оптимално или Оптимално
(автоматски игри 120 Hz Pro). Содржините со Dolby Vision
се поддржани само кога опцијата HDMI Ultra HD е
поставена на Оптимално (автоматски игри) или
Оптимално (автоматски игри 120 Hz Pro).
Само на поддржаните модели на телевизори, за да
уживате во FreeSync Premium / G-Sync игри, треба да го
поврзете компјутерот или конзолата за игри со
телевизорот преку HDMI-кабел со извонредно голема
брзина, а потоа да ја поставите опцијата HDMI Ultra HD на
Оптимално (автоматски игри) или Оптимално
(автоматски игри 120 Hz Pro). Потоа, можеби ќе треба да
го исклучите и вклучите компјутерот или конзолата за игри
за да го завршите првичното поставување.
9.2
Систем за домашно кино - HTS
Поврзување со HDMI ARC/eARC
Користете HDMI кабел за да поврзете систем за домашно
кино (HTS) на телевизорот. Можете да поврзете звучник во
вид на лента од Philips или HTS уред со вграден плеер на
дискови.
HDMI ARC
Само приклучокот HDMI 2 на телевизорот го нуди сигналот
на Повратен аудио канал (ARC). Откако ќе го поврзете
системот за домашно кино, телевизорот може да го
испрати ARC-сигналот само до овој HDMI-приклучок. Со
HDMI ARC, нема потреба да поврзувате дополнителен
аудио кабел. HDMI ARC приклучокот ги комбинира двата
сигнали.
HDMI eARC
HDMI eARC (подобрен повратен аудиоканал) е подобрена
верзија на претходниот ARC. Ги поддржува најновите
аудиоформати со голема брзина на пренос до 192 kHz, 24
бита и некомпресиран звук со 5.1, 7.1 и 32 канали. HDMI
eARC е достапен само на HDMI 2.
Синхронизација на звук кон видео
Ако звукот не одговара на видеото на екранот, можете да
поставите доцнење кај повеќето системи за домашно кино
со плеер на дискови за да одговара звукот на видеото.
Проблеми со звукот од HTS уредот
Звук со многу шум
Ако гледате видео запис од приклучен USB флеш уред или
поврзан компјутер, звукот од вашиот систем за домашно
кино може да биде изобличен. Овој шум се слуша кога
аудио или видео датотеката има DTS звук, но системот за
домашно кино нема обработување за DTS звук. Ова
можете да го поправите со поставување на опцијата
Формат на дигитален излез на телевизорот на Стерео.
Изберете Поставки > Екран и звук > Аудио излез
> Формат на дигитален излез.
Нема звук
Ако не можете да слушнете звук од телевизорот на вашиот
систем за домашно кино, проверете дали сте го поврзале
HDMI-кабелот во приклучокот HDMI ARC/eARC на системот
за домашно кино. HDMI ARC/eARC е достапен само на
HDMI 2.
9.3
Дигитален аудио излез -
Оптички
Оптички аудио излез е висококвалитетен приклучок за
звук.
Овој оптички приклучок може да поддржува 5,1 аудио
канали. Ако вашиот уред, обично систем за домашно кино
(HTS), нема HDMI ARC приклучок, можете да го користите
овој приклучок со приклучокот за Оптичкиот аудио влез на
HTS уредот. Приклучокот за Оптички аудио излез го
испраќа звукот од телевизорот на HTS уредот.
33