User manual

Table Of Contents
9.4
CAM со smart картичка - CI+
CI+
Овој телевизор е подготвен за CI+ условен пристап.
Со CI+ можете да гледате врвни HD програми, како
филмови и спорт, кои ги нудат операторите со дигитална
телевизија во вашиот регион. Овие програми се кодирани
од страна на ТВ операторот и се декодираат со припејд CI+
модул.
Кога се претплаќате на нивните премиум програми,
операторите со дигитална телевизија нудат CI+ модул
(Модул за условен пристап - CAM) заедно со smart
картичка. Овие програми имаат високо ниво на заштита од
копирање.
Со поддршката за CI+ 2.0, овој телевизор може да го
користи CAM-модулот како PCMCIA и USB (за сите USB-
порти).
За повеќе информации околу одредбите и условите,
обратете се на операторот со дигитална телевизија.
Smart картичка
Кога се претплаќате на нивните врвни програми,
операторите со дигитална телевизија нудат CI+ модул
(Модул за условен пристап - CAM) заедно со smart
картичка.
Вметнете ја smart картичката во CAM модулот. Проверете
ги инструкциите кои сте ги добиле од операторот.
За да вметнете CAM-модул во телевизорот:
1 - На CAM модулот погледнете го точниот начин на
вметнување. Неправилното вметнување може да го
оштети CAM модулот и телевизорот.
2 - На задната страна на телевизорот, со предниот дел од
CAM модулот свртен кон вас, полека вметнете го CAM
модулот во отворот COMMON INTERFACE.
3 - Турнете го CAM модулот до крај. Оставете го трајно да
стои во отворот.
Кога го вклучувате телевизорот, можно е да се потребни
неколку минути додека се активира CAM модулот. Ако е
вметнат CAM модулот и трошоците за претплата се
подмирени (начините на претплата може да се
разликуваат), можете да ги гледате кодираните канали
поддржани од CAM smart картичката.
CAM модулот и smart картичката се наменети само за
вашиот телевизор. Ако го отстраните CAM модулот, нема
да можете повеќе да ги гледате кодираните канали
поддржани од CAM модулот.
Лозинки и PIN кодови
Кај одредени CAM модули, мора да внесете PIN код за да
ги гледате неговите канали. Кога го поставувате PIN кодот
за CAM модулот, ви препорачуваме да го користите истиот
код кој го користите да го отклучите телевизорот.
За да поставите PIN-код за CAM-модулот:
1 - Притиснете SOURCES.
2 - Изберете го типот на канали за кој го користите CAM
модулот за Гледање телевизија.
3 - Притиснете OPTIONS и изберете Општ интерфејс.
4 - Изберете го ТВ операторот на CAM модулот. Наредните
екрани се од ТВ операторот. Следете ги упатствата на
екранот за да го погледнете поставувањето на PIN кодот.
9.5
Smartphone уреди и таблет
уреди
За да поврзете паметен телефон или таблет уред на
телевизорот, можете да користите безжично поврзување.
За безжично поврзување, преземете ја Philips TV Remote
App на вашиот smartphone или таблет уред од омилената
продавница за апликации.
34