User manual

Table Of Contents
Копчиња за апликации и интернет страници
• Tab и Shift + Tab = Следно и претходно
• Home = придвижување до горниот дел од страницата
• End = придвижување до долниот дел од страницата
• Page Up = скок од една страница нагоре
• Page Down = скок од една страница надолу
• * = исполнување на веб-страницата по широчината на
екранот
9.10
USB-мемориски уред
Можете да ги гледате вашите фотографии или да
репродуцирате музика и видеоснимки од поврзан USB-
флеш уред или USB-хард диск.
Вметнете USB-мемориски уред во еден
од USB-приклучоците на телевизорот додека е вклучен
телевизорот.
Телевизорот го открива уредот и отвора листа на која се
прикажува неговата содржина.
Ако листата на содржини не се појави автоматски,
притиснете
SOURCES и изберете USB.
За да престанете со гледање на содржините во USB-
меморискиот уред, притиснете EXIT или изберете друга
активност.
За безбедно да го отстраните USB-меморискиот уред:
1 - Притиснете HOME.
2 - Изберете го USB-уред под Контролна табла >
Известувања од горниот десен агол и притиснете OK.
3 - Изберете го вашиот уред и притиснете OK.
4 - Изберете Исфрли и притиснете OK.
5 - Почекајте да заврши постапката за исфрлање и потоа
извлечете го USB-меморискиот уред.
Ultra HD на USB
Можете да гледате фотографии во резолуција Ultra HD од
поврзан USB-мемориски уред. Телевизорот ќе ја намали
резолуцијата на Ultra HD ако резолуцијата на
фотографијата е повисока.
За повеќе информации во врска со гледањето или
репродуцирањето содржини од USB-мемориски уред,
во Помош, притиснете го копчето во боја Клучни
зборови и побарајте Фотографии, видеозаписи и музика.
9.11
Фотоапарат
За да гледате фотографии зачувани на вашиот дигитален
фотоапарат, можете да го поврзете фотоапаратот директно
на телевизорот.
Користете еден од USB приклучоците на телевизорот за да
извршите поврзување. Откако ќе го извршите
поврзувањето, вклучете го фотоапаратот.
Ако листата на содржини не се појави автоматски,
притиснете SOURCES и изберете USB.
Вашиот фотоапарат можеби ќе треба да се постави да
може да врши пренос на својата содржина преку PTP
(протокол за пренос на слики). Прочитајте го упатството за
користење на дигиталниот фотоапарат.
Ultra HD на USB
Можете да гледате фотографии во Ultra HD резолуција од
поврзан USB уред или флеш уред. Телевизорот ќе ја
намали резолуцијата на Ultra HD ако резолуцијата на
фотографијата е повисока. Не можете да репродуцирате
видео запис со стандардна резолуција повисока од Ultra
HD на ниеден од USB приклучоците.
За повеќе информации околу гледањето на фотографии,
во Помош, притиснете го копчето во боја Клучни
зборови и побарајте Фотографии, видео записи и музика.
9.12
Видео камера
За најдобар квалитет, користете HDMI кабел за да ја
поврзете видео камерата на телевизорот.
36