User manual

Table Of Contents
9.13
Компјутер
Можете да го поврзете вашиот компјутер со телевизорот
преку сертифициран HDMI-кабел со извонредно голема
брзина и да го користите телевизорот како компјутерски
монитор.
* Забелешка за корисниците на графичка картичка од
Nvidia:
ако го поврзете вашиот компјутер со телевизор преку
HDMI, картичката од Nvidia може автоматски да пренесува
видео со променлива стапка на освежување (VRR) на
телевизорот кога опцијата HDMI Ultra HD е поставена на
Оптимално (автоматски игри) или Оптимално
(автоматски игри 120 Hz Pro). Не заборавајте да ја
исклучите функцијата VRR на графичката картичка пред да
ја промените опцијата HDMI Ultra HD на телевизорот во
Оптимално или Стандардно. Изборот на
опцијата Оптимално или Стандардно во корисничкиот
интерфејс на телевизорот, ќе ја исклучи поддршката за VRR
на телевизорот.
* Забелешка за корисниците на графичка картичка од
AMD:
ако го поврзете вашиот компјутер со телевизор преку
HDMI, ве молиме користете ги следните поставки за
графичката картичка за да добиете најдобри перформанси.
- Ако излезниот видеосигнал на графичката картичка е
4096 x 2160p или 3840 x 2160p и се користи RGB-формат на
пиксели, студискиот формат на пиксели RGB 4:4:4
(ограничен RGB) се поставува во графичката картичка на
компјутерот.
- Ако излезниот видеосигнал на графичката картичка е
2560 x 1440p 120 Hz и се користи RGB-формат на пиксели,
стандардниот формат на пиксели RGB 4:4:4 за компјутери
(целосен RGB) се поставува во графичката картичка на
компјутерот.
37