User manual

Table Of Contents
10
Поврзете го вашиот
телевизор
10.1
Мрежа и интернет
Домашна мрежа
За вистински да уживате во можностите на вашиот Philips
Google TV, тој мора да биде поврзан на интернет.
Поврзете го телевизорот на домашна мрежа со брза
интернет врска. Можете безжично да го поврзете
телевизорот или пак да го поврзете на безжичен рутер.
Поврзување на мрежа
Безжично поврзување
Што ви е потребно
За да го поврзете телевизорот на безжичен интернет,
потребен ви е Wi-Fi рутер поврзан на интернет.
Користете брза (широкопојасна) интернет врска.
Вклучување и исклучување на Wi-Fi
Поставки > Мрежа и интернет > Wi-Fi >
Вклучено/Исклучено.
Остварете поврзување
Поставки > Мрежа и интернет > Wi-Fi >
Вклучено/Исклучено
1 - Во листата на пронајдени мрежи, изберете ја вашата
безжична мрежа. Ако вашата мрежа ја нема на листата
затоа што името на мрежата е скриено (сте го исклучиле
SSID емитувањето на рутерот), изберете Додај нова
мрежа за да го внесете името на мрежата.
2 - Во зависност од видот на рутерот, внесете го вашиот
код за шифрирање - WPA2 или WPA3. Ако го имате
внесено кодот за шифрирање за оваа мрежа претходно,
можете да изберете OK за да воспоставите поврзување
веднаш.
3 - Кога поврзувањето ќе биде успешно, ќе биде
прикажана порака.
Проблеми
Не е пронајдена безжична мрежа или е изобличена
• Микробранови печки, DECT телефони или други Wi-Fi
802.11b/g/n/ac уреди во ваша близина може да ја
попречат безжичната мрежа.
• Проверете дали firewall заштитата на вашата мрежа
дозволува пристап на безжичното поврзување на
телевизорот.
• Ако безжичната мрежа не функционира правилно во
вашиот дом, обидете се со инсталирање на кабелска
мрежа.
Интернетот не функционира
• Ако поврзувањето со рутерот е во ред, проверете го
поврзувањето на рутерот на интернет.
Компјутерот и интернет врската се бавни
• Погледнете во упатството за користење на безжичниот
рутер за повеќе информации околу внатрешниот опсег,
стапката на пренос и други фактори на квалитетот на
сигналот.
• Користете брза (широкопојасна) интернет врска за
вашиот рутер.
DHCP
• Ако поврзувањето е неуспешно, можете да ги проверите
поставките за DHCP (Dynamic Host Configuration Protocol) на
рутерот. DHCP треба да е вклучено.
Во Помош, притиснете го копчето во боја Клучни
зборови и побарајте Отстранување на проблеми за
повеќе информации.
Поврзување со кабел
Што ви е потребно
За да го поврзете телевизорот на интернет, потребно е
рутерот на мрежата да е поврзан на интернет. Користете
брза (широкопојасна) интернет врска.
38