User manual

Table Of Contents
Поставки за мрежа и интернет
Преглед на мрежни поставки
Поставки > Мрежа и интернет > Преглед на мрежни
поставки.
Овде можете да ги погледнете сите тековни мрежни
поставки. IP-адресата и MAC-адресата, јачината на
сигналот, брзината, методот на шифрирање,
адресата/маската на мрежа/Gateway/DNS на IPv4 или IPv6,
итн.
Вклучување со Wi-Fi (WoWLAN)
Поставки > Мрежа и интернет > Вклучување со Wi-Fi
(WoWLAN).
Можете да го вклучите овој телевизор од вашиот
smartphone уред или таблет уред ако телевизорот е во
режим на подготвеност. Поставувањето Вклучување со Wi-
Fi (WoWLAN) мора да биде вклучено.
Вклучување со Chromecast
Поставки > Мрежа и интернет > Вклучување со
Chromecast.
Поставете на Вклучено за да овозможите вклучување на
телевизорот од апликацијата Chromecast на вашиот
мобилен уред. Потрошувачката на енергија на телевизорот
во статус на режим на подготвеност ќе биде повисока кога
ќе се вклучи оваа опција. Поставувањето Wi-Fi (WoWLAN)
треба да се вклучи пред да може да го промените
поставувањето на Вклучување со Chromecast.
Рендерирање на дигитални медиумски содржини - DMR
Поставки > Мрежа и интернет > Рендерирање на
дигитални медиумски содржини - DMR.
Ако вашите медиумски датотеки не се репродуцираат на
телевизорот, проверете дали Рендерирањето на
дигитални медиумски содржини е вклучено. DMR е
вклучено како фабричко поставување.
10.2
Сметка на Google
Најавување
За да уживате во сите можности на вашиот Philips Google
TV, можете да се најавите на Google со вашата сметка на
Google.
Со најавувањето ќе можете да ги играте вашите омилени
игри на телефон, таблет и телевизор. Исто така, на
почетниот екран на телевизорот ќе добиете прилагодени
препораки за видеозаписи и музика, како и пристап до
YouTube, Google Play и други апликации.
Најавување
Користете ја вашата постоечка сметка на Google за да се
најавите на Google на вашиот телевизор. Сметката на
Google содржи e-mail адреса и лозинка. Доколку сѐ уште
немате сметка на Google, создајте преку вашиот компјутер
или таблет (accounts.google.com). Доколку не сте се
најавиле при првото инсталирање на телевизорот, тоа
можете да го сторите во секое време.
За да се најавите откако ќе завршите со инсталирањето на
телевизорот:
1 - Изберете Поставки > Сметка и Најавување и
притиснете OK.
2 - Изберете Најавување и притиснете OK.
3 - Изберете Користете го вашиот далечински управувач и
притиснете OK.
4 - Со помош на тастатурата на екранот, внесете ја вашата e-
mail адреса и притиснете OK.
5 - Внесете ја лозинката и притиснете OK за да се најавите.
6 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
39