User manual

Table Of Contents
ја поставите температура на бојата според вашите желби.
Поставки > Екран и звук > Слика > Боја > Температура
на боја > Подредување на белите точки (2 точки)
или Подредување на белите точки (20 точки).
Прилагодете го подредувањето на белите точки врз база
на избраната температура на бои на сликата.
Контрола на бојата
Поставки > Слика > Напредно > Боја > Контрола на
бојата.
Поставките за Контрола на бојата е достапна само кога
опцијата за Подобрување на боите е поставена на
Исклучено. За прилагодување или ресетирање кон
зададената вредност на Нијанса, Заситеност и Интензитет
за боите Црвена, Жолта, Зелена, Цијан, Сина и Магента
соодветно. Ако сакате да ги ресетирате сите вредности на
зададените, изберете Ресетирај сè на зададените
поставки.
Острина
Подобрување
Поставки > Екран и звук > Слика > Острина >
Подобрување.
За да ја прилагодите острината на сликата.
Подобрување на текстури
Поставки > Екран и звук > Слика > Острина >
Подобрување на текстури.
Вклучете за врвна острина на линиите и деталите. Не е
достапно кога Формат на слика е поставен на Исполни
екран.
Чиста слика
Намалување на шум
Поставки > Екран и звук > Слика > Чиста слика
> Намалување на шум.
Изберете Исклучено, Максимум, Средно,
или Минимум за да го поставите нивото за отстранување
на шумот во содржините.
Шумот главно се гледа во форма на мали подвижни точки
на сликата на екранот.
Намалување на MPEG несакани облици
Поставки > Екран и звук > Слика > Чиста слика >
Намалување на несакани облици.
Изберете Исклучено, Максимум, Средно, или Минимум
за да поставите различни степени на порамнување на
несаканите облици кај дигиталните видеосодржини.
Несаканите облици најчесто се гледаат како мали коцки
или остри рабови на сликите на екранот.
Движење
Стилови на придвижување
Поставки > Екран и звук > Слика > Придвижување
> Стилови на придвижување.
Стиловите на придвижување овозможуваат оптимизирани
режими за поставување на движењето за различни видео
содржини.
Изберете еден од стиловите на придвижување за да имате
различно искуство при гледањето на движењата во видео
записите. (Исклучено, Вистинско кино, Филмови,
Стандардно, Рамномерно, Лично)
Не е достапно за долунаведените случаи:
Поставки > Екран и звук > Слика > Стил на слика >
Монитор
Поставки > Екран и звук > Слика > Стил на слика
> Игра
Рамномерност
Поставки > Екран и звук > Слика > Движење >
Рамномерност.
За да го направите движењето на сликата рамномерно со
тоа што ќе го минимизирате треперењето.
Изберете од 0 до 10 за да поставите различни степени за
намалување на треперењето при движењата што може да
се забележи кај филмовите на телевизорот. Изберете 0
кога се појавува шум при репродукција на филмови на
екранот.
Забелешка: Достапно само кога опцијата Стилови на
придвижување е поставена на Лично.
Намалување на заматеност
Поставки > Екран и звук > Слика > Движење >
Намалување на заматеност.
За да ја намалите заматеноста за движењето на сликата да
биде јасно и остро.
Изберете од 0 до 10 за да добиете различни степени на
намалување на заматеноста при движењата. Видливо при
гледањето филмови на телевизорот. Изберете 0 кога се
појавува шум при репродукција на филмови на екранот.
Забелешка: Достапно само кога опцијата Стилови на
придвижување е поставена на Лично.
46