User manual

Table Of Contents
Брзо поставување на слика
При првото инсталирање, извршивте одредени поставки
за сликата во неколку лесни чекори. Можете да ги
повторите овие чекори со Брзо поставување на слика.
За да ја поставите сликата во неколку лесни чекори:
1 - Изберете Поставки > Екран и звук > Слика.
2 - Изберете Брзо поставување на слика и притиснете OK.
3 - Користете ги копчињата за навигација за да ги изберете
претпочитаните поставки за извор, контраст, боја, острина
и движење.
4 - Изберете Заврши или притиснете (налево) повеќе
пати, доколку е потребно, за да го затворите менито.
14.2
Екран
Формат на слика
Ако сликата не го исполнува целиот екран, ако се
појавуваат црни ленти во горниот и долниот дел или од
двете страни, можете да ја прилагодите сликата да го
исполнува целосно екранот.
За да изберете едно од основните поставки за
исполнување на екранот:
1 - Притиснете Поставки > Екран и звук > Екран >
Формат на слика > Исполни екран, Прилагоди на
екран, Широк екран и Оригинално, и притиснете OK.
2 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
Исполни екран - автоматско зголемување на сликата за
да го исполни екранот. Изобличувањето на сликата е
минимално, а преводот останува да се гледа. Не одговара
на PC влез. На некои екстремни содржини сѐ уште може да
се јават црни ленти. Соодносот на содржината на сликата
може да се промени.
Прилагоди на екран - автоматско зумирање на сликата
за да го исполни екранот без изобличување. Можно е да
се видливи црни ленти. Не одговара на PC влез.
Широк екран – автоматско зумирање на сликата во
формат 16:9 на цел екран. Соодносот на содржината на
сликата може да се промени.
Оригинално – автоматско зумирање на сликата за
прилагодување на екранот со оригиналниот сооднос на
слика. Загубената содржина не е видлива.
За да ја форматирате сликата рачно:
1 - Притиснете Поставки > Екран и звук > Екран >
Формат на слика > Напредно и притиснете OK.
2 - Користете Поместување, Зумирање и Рашири за да ја
прилагодите сликата.
3 - Или пак, изберете Поништи за да се вратите на
поставувањето на сликата кое го имавте кога ја отворивте
опцијата Формат на слика.
Поместување - Изберете ги стрелките за да ја поместите
сликата. Можете да ја поместите сликата само кога е
зумирана.
Зумирање - Изберете ги стрелките за да зумирате.
Рашири - Изберете ги стрелките за да ја раширите
сликата вертикално или хоризонтално.
Поништи - Изберете за да се вратите на форматот на
сликата со кој започнавте.
Некои поставки за Формат на слика може да не бидат
достапни во одредени услови. На пример, за
проследување видео, апликации за Android, режим за игри
итн.
Поставки за OLED-екранот
Заштита при приказ на локална слика
Поставки > Екран и звук > Екран > Заштита на локална
слика.
Поставете ниво на заштита кога се прикажува локална
статична слика.
Прикажувањето на статична слика подолг временски
период може да предизвика задржување на сликата. Оваа
појава е вообичаена за OLED панелите. Избегнувајте
прикажување на статична слика на ТВ екранот подолг
временски период.
Автоматско поместување на пиксели
Поставки > Екран и звук > Екран > Автоматско
поместување на пиксели.
Вклучете за да ја промените положбата на пикселите за да
го намалите притисокот врз пикселите. Ова го штити OLED-
екранот од прикажување статична слика.
Чистење на остатоците од сликата
Поставки > Екран и звук > Екран > Чистење на
остатоците од сликата.
Кога гледате остатоци од слика на телевизорот, можете да
ги исчистите на екранот со тоа што ќе ја активирате оваа
функција.
1 - Изберете Поставки > Екран и звук > Екран.
2 - Изберете Чистење на остатоците од сликата.
3 - Изберете Потврди.
Телевизорот ќе биде исклучен сѐ додека процесот не
заврши.
Ако го вклучите телевизорот за време на процесот,
процесот ќе запре и ќе се рестартира автоматски кога
телевизорот подоцна ќе се префрли во режим на
подготвеност.
При обработката, на екранот можно е да се појави бела
линија. Ова е нормално кога се чисти задржаната слика на
екранот. Функцијата
Чистење на остатоците од сликата е процес на длабоко
освежување, но не спречува појава на остатоци од слика.
Со оваа функција се управува рачно само кога остатоци од
47