User manual

Table Of Contents
екранот за да ја намалите можноста да се појават остатоци
од слика.
• Органските LED-екрани (OLED) се многу чувствителни на
неповолна клима и надворешни фактори, како ставање на
истите под директна сончева светлина и/или
ултравиолетово осветлување, како и несоодветна собна
температура, што резултира со намалување на сјајноста,
осветленоста и работен век на OLED-екраните,
намалување на пикселите и ненадоместливо оштетување
и/или дефект на екранот. Имајте предвид дека гаранцијата
не се однесува на проблеми што резултираат, директно
или индиректно, од употребата што не се усогласува со
овие упатства за производ.
Прикажувањето на статична слика подолг временски
период може да предизвика врежување на сликата. Оваа
појава е вообичаена за OLED-екраните и не претставува
дефект на телевизорот. Избегнувајте прикажување на
статична слика на ТВ екранот подолг временски период.
Заштитник на екран
За да ги намалите шансите да се појават остатоци од
сликата на ТВ екранот, заштитникот на екранот (подвижно
PHILIPS лого) ќе се активира во долунаведените случаи.
- кога на екранот се прикажани статички елементи од
менијата за поставување подолго од 2 минути.
- кога на екранот се прикажани статички елементи од
менијата за поставување на апликациите подолго од 2
минути.
- кога телетекстот е прикажан подолго од 2 минути.
Заштитникот на екранот нема да се активира во следните
случаи.
- при пауза на репродукција на надворешен извор (на пр.
HDMI), бидејќи телевизорот не прикажува статички
елементи од менијата за поставување.
Откако ќе се активира заштитникот на екранот, тој може да
се затвори со притиснување на кое било копче на
далечинскиот управувач. Другите дејства како што е
вметнувањето на USB уред или емитувањето на содржини
и понатаму може да се извршуваат во позадина, но овие
активности нема да го прекинат заштитникот на екранот.
Philips телевизорот е опремен со следните елементи за
нега на OLED екранот:
Автоматско освежување
Вршете освежување на екранот кога е потребно.
Автоматска контрола на осветленоста на екранот
Постепено намалувајте ја осветленоста на екранот кога се
прикажува статична слика подолг временски период.
Заштитник на екран
Приказ на заштитник на екран кога се прикажува статична
слика на екранот подолг временски период.
5