User manual

Table Of Contents
15
Апликации
15.1
Информации за апликациите
Можете да ги најдете вашите омилени апликации во редот
со Вашите апликации во Почетното мени.
Исто како апликациите на вашиот smartphone уред или
таблет уред, апликациите на вашиот телевизор нудат
специфични функции за збогатено ТВ доживување.
Можете да ја користите апликацијата за WEB BROWSER за
да сурфате на интернет.
Апликациите може да бидат од Google Play™ Store. За да
започнете, на вашиот телевизор однапред се инсталирани
неколку практични апликации.
За да инсталирате апликации од Google Play™ Store,
телевизорот мора да биде поврзан на интернет. За да ги
користите апликациите од Google Play и Google Play™ Store,
мора да се најавите со сметка на Google. Изберете ја
апликацијата што сакате да ја инсталирате и изберете го
копчето Инсталирај за започнување на инсталацијата.
Откако ќе заврши инсталирањето на апликацијата, можете
да го изберете копчето Отвори за да ја отворите
апликацијата, или копчето Деинсталирај за да ја
деинсталирате апликацијата.
15.2
Google Play
Movies and TV
Со Google TV, можете да купувате или да изнајмувате
филмови и телевизиски серии за да ги гледате на
телевизорот.
Што ви е потребно
• вашиот телевизор мора да биде поврзан на интернет
• мора да се најавите со вашата сметка на Google на
телевизорот
• додајте кредитна картичка на вашата сметка на Google за
да купувате филмови и ТВ серии
За да изнајмите или купите филм или ТВ-серија:
1 - Притиснете HOME и изберете ја картичката
Апликации.
2 - Изберете ја апликацијата Google TV и отворете ја.
3 - Изберете филм или ТВ серија и притиснете OK.
4 - Изберете ја содржината којашто сакате да ја купите и
притиснете OK. Ќе ја започнете постапката за купување.
За да гледате изнајмен или купен филм или ТВ-серија:
1 - Притиснете HOME и изберете ја картичката
Апликации.
2 - Изберете ја апликацијата Google TV и отворете ја.
3 - Изберете го филмот или ТВ-серијата од вашата
библиотека во апликацијата, изберете го насловот и
притиснете OK.
4 - Можете да ги користите
копчињата Запри, Паузирај, Премотај назад или Брзо
премотување напред на далечинскиот управувач.
5 - За да ја запрете апликацијата Movies &
TV, притиснете Назад повеќепати или притиснете EXIT.
* Забелешка: Ако Google TV не се прикажува во редот
Вашите апликации можете да пребарувате во полето за
пребарување за да ја изберете опцијата Отвори или
Инсталирај.
Дознајте повеќе на www.support.google.com/googletv
Музика
Со YouTube Music можете да ја репродуцирате вашата
омилена музика на телевизорот.
Можете да купите нова музика на вашиот компјутер или
мобилен уред. Или пак, на вашиот телевизор, можете да
се најавите за Пристап до сѐ, претплата на услугата Google
Play Music. Алтернативно, можете да ја репродуцирате
музиката која ја поседувате, зачувана на вашиот компјутер.
Што ви е потребно
• вашиот телевизор мора да биде поврзан на интернет
• мора да се најавите со вашата сметка на Google на
телевизорот
• додајте кредитна картичка на вашата сметка на Google за
да купите музичка претплата
За да ја стартувате апликацијата YouTube Music:
1 - Притиснете HOME и изберете ја картичката
Апликации.
2 - Изберете ја апликацијата YouTube Music и отворете ја.
3 - Изберете ја саканата музика и притиснете OK.
4 - За да ја запрете музичката апликација,
притиснете Назад повеќепати или притиснете EXIT.
* Забелешка: Ако YouTube Music не се прикажува во редот
Вашите апликации можете да пребарувате во полето за
пребарување за да ја изберете опцијата Отвори или
Инсталирај.
Дознајте повеќе на www.support.google.com/googletv
или support.google.com/youtubemusic
Игри
Со Google Play Games, можете да играте игри на вашиот
телевизор. Онлајн или офлајн.
Можете да видите што играат вашите пријатели во
моментот или да им се придружите во играта и да се
натпреварувате. Можете да ги следите вашите
постигнувања или да започнете таму каде што сте
57