User manual

Table Of Contents
застанале.
Што ви е потребно
• вашиот телевизор мора да биде поврзан на интернет
• мора да се најавите со вашата сметка на Google на
телевизорот
• додајте кредитна картичка на вашата сметка на Google за
да купувате нови игри
Активирајте ја апликацијата Google Play Games за да
изберете и инсталирате нови апликации за игри на
телевизорот. Некои игри се бесплатни. Доколку за некоја
игра е потребен гејмпад, ќе се појави порака.
За да стартувате или да запрете игра од Google Play:
1 - Притиснете HOME и изберете ја картичката
Апликации.
2 - Изберете ја апликацијата Google Play Games и отворете
ја.
3 - Изберете игра која сакате да ја играте или инсталирате
и притиснете OK.
4 - Кога ќе завршите, притиснете Назад повеќепати,
притиснете EXIT или запрете ја апликацијата со
наменското копче за излез/запирање.
* Забелешка: Ако Google Play Games не се прикажува во
редот Вашите апликации, можете да пребарувате во
полето за пребарување за да ја изберете опцијата Отвори
или Инсталирај.
Дознајте повеќе на www.support.google.com/googletv
Google Play Store
Можете да преземате и да инсталирате нови апликации од
Google Play Store. Некои апликации се бесплатни.
Што ви е потребно
• вашиот телевизор мора да биде поврзан на интернет
• мора да се најавите со вашата сметка на Google на
телевизорот
• додајте кредитна картичка на вашата сметка на Google за
да купувате апликации
За да инсталирате нова апликација:
1 - Притиснете HOME и изберете ја картичката
Апликации.
2 - Изберете ја апликацијата Google Play Store и отворете
ја.
3 - Изберете ја апликацијата која сакате да ја инсталирате и
притиснете OK.
4 - За да ја затворите апликацијата Google Play Store,
притиснете Назад повеќепати или притиснете EXIT.
Родителски контроли
Во Google Play Store, можете да сокривате апликации
според зрелоста на корисниците/купувачите. За да го
изберете или промените нивото на зрелост, потребен ви е
PIN код.
За да поставите родителска контрола:
1 - Притиснете HOME и изберете ја картичката
Апликации.
2 - Изберете ја апликацијата Google Play Store и отворете
ја.
3 - Изберете Поставки > Родителски контроли.
4 - Изберете го саканото ниво на зрелост.
5 - Доколку биде побарано од вас, внесете го PIN кодот.
6 - За да ја затворите апликацијата Google Play Store,
притиснете Назад повеќепати или притиснете EXIT.
* Забелешка: Ако Google Play Store не се прикажува во
редот Вашите апликации, можете да пребарувате во
полето за пребарување за да ја изберете опцијата Отвори
или Инсталирај.
Дознајте повеќе на www.support.google.com/googletv
Плаќања
За да извршите плаќање за Google Play на телевизорот,
мора да додадете форма на плаќање - кредитна картичка
(надвор од САД) - на вашата сметка на Google. На оваа
кредитна картичка ќе ви биде наплатено кога ќе купувате
филм или ТВ серија.
За да додадете кредитна картичка:
1 - На вашиот компјутер, одете на accounts.google.com и
најавете се со сметката на Google која ќе ја користите за
Google Play на телевизорот.
2 - Одете на wallet.google.com за да додадете картичка на
вашата сметка на Google.
3 - Внесете ги податоците за вашата кредитна картичка и
прифатете ги одредбите и условите.
15.3
Стартување или запирање на
апликација
Можете да стартувате апликација од почетниот екран.
За да стартувате апликација:
1 - Притиснете HOME.
2 - Одете во редот со Вашите апликации, изберете ја
саканата апликација и притиснете OK.
3 - Исто така, можете да ја пребарате апликацијата во
полето за пребарување за да ја изберете опцијата Отвори
или Инсталирај.
4 - Или, пак, одете во Поставки > Апликации > Приказ
на сите апликации или Приказ на системските апликации
за да изберете апликација што сакате да ја отворите.
5 - За да запрете апликација, притиснете Назад,
притиснете EXIT или запрете ја апликацијата со
наменското копче за излез/запирање.
58