User manual

Table Of Contents
15.4
Управување со апликации
Поставки > Апликации.
Доколку запрете апликација и се вратите на почетното
мени, апликацијата не е вистински запрена. Апликацијата
сѐ уште работи во заднина за да биде подготвена кога
повторно ќе ја активирате. За да работат непрекинато,
повеќето апликации зачувуваат одредени податоци во кеш
меморијата на телевизорот. Пожелно е да ја запрете
апликацијата целосно или, пак, да ја избришете кеш-
меморијата на одредена апликација за да ги оптимизирате
општите перформанси на апликациите и да го задржите
ниското ниво на искористеност на меморијата на вашиот
телевизор. Исто така, пожелно е да ги деинсталирате
апликациите кои повеќе не ги користите. Можете да
изберете Апликации > Приказ на сите апликации или
Апликации што не се во употреба за да ги видите вашите
инсталирани или користени апликации.
За секоја инсталирана апликација, можете да ги поставите
дозволите за Управување со ажурирања, Дозволи на
апликациите, Пристап до специјални апликации и
Безбедност.
Дознајте повеќе на www.support.google.com/googletv
59