User manual

Table Of Contents
врати на ажурирањето кое сте го гледале.
Ако се случи прекин во напојувањето за време на
ажурирањето, немојте да го отстранувате USB флеш уредот
од телевизорот. Кога ќе се врати напојувањето,
ажурирањето ќе продолжи.
За да спречите ненамерно ажурирање на софтверот,
избришете ја датотеката autorun.upg од USB флеш уредот.
Автоматско ажурирање на софтверот
Вклучете Автоматско ажурирање на софтверот за
автоматски да го ажурирате софтверот на вашиот
телевизор. Оставете го телевизорот во режим на
подготвеност.
1 - Изберете Поставки > Систем > Повеќе информации
> Ажурирање на системот > Автоматско ажурирање на
софтверот.
2 - Следете ги инструкциите на екранот.
3 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
Кога ќе ја овозможите поставката, надградбата ќе се
преземе кога ќе се вклучи телевизорот и ќе се инсталира
15 минути откако телевизорот ќе влезе во режим на
подготвеност (доколку нема закажани аларми).
Кога ќе ја оневозможите поставката, на екранот ќе се
прикаже пораката „Ажурирај сега“ / „Подоцна“.
Погледни историја на ажурирање на софтвер
Прикажете ја листата на верзии на софтвер кои се успешно
ажурирани на телевизорот.
За да ја погледнете историјата на ажурирање на
софтверот:
1 - Изберете Поставки > Систем > Повеќе информации
> Ажурирање на системот > Погледни историја на
ажурирање на софтвер.
2 - Ќе се прикаже историјата на ажурирање на софтверот
на овој телевизор.
Ресетирање
Повторно инсталирајте го телевизорот
Поставки > Систем > Повеќе информации
> Ресетирање > Фабричко ресетирање.
Ресетирајте го и одново извршете го инсталирањето на
телевизорот целосно.
Ресетирање на вредностите на сите поставки на
оригиналните ТВ поставки
Поставки > Систем > Повеќе информации > Ресетирај >
Фабрички поставки.
Ресетирајте ги сите поставки на фабричките поставки.
Статус
Приказ на информации за статусот на телевизорот
Поставки > Систем > Повеќе информации > Статус.
За прикажување на статусот на телевизорот за IP-адреса,
уред, MAC-адреса, адреса на Bluetooth®, сериски број итн.
Правни информации
Софтвер со отворен изворен код
Овој телевизор содржи софтвер со отворен изворен код.
TP Vision Europe B.V. со ова нуди доставување, на барање,
на копија на комплетниот соодветен изворен код за
софтверските пакети со отворен изворен код со заштитени
авторски права кои се користат во овој производ, за кои
таква понуда е побарана од страна на соодветните
сопственици на лиценци.
Оваа понуда е валидна до три години по купувањето на
производот за сите приматели на оваа информација.
За да го добиете изворниот код, ве молиме обратете се на
англиски до…
open.source@tpv-tech.com
Лиценца на отворен изворен код
Информации за лиценцата на отворен изворен код
README за изворниот код на деловите за софтверот на
телевизорот од TP Vision Europe B.V., кои се покриени со
лиценца на отворен изворен код.
Ова е документ што ја опишува дистрибуцијата на
изворниот код кој се користи на телевизорите од TP Vision
Europe B.V., кои се покриени со GNU General Public License
(GPL) или со GNU Lesser General Public License (LGPL), или
која било друга лиценца на отворен изворен код.
Инструкции за добивање на копии од овој софтвер може
да се најдат во насоките за употреба.
TP Vision Europe B.V. НЕ ДАВА НИКАКВИ ГАРАНЦИИ,
ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И КАКВИ
БИЛО ГАРАНЦИИ ЗА МОЖНОСТ ЗА ПРОДАЖБА ИЛИ
СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА ВО ВРСКА СО
СОФТВЕРОТ. TP Vision Europe B.V. не нуди поддршка за
овој софтвер. Горенаведеното не влијае на вашите
гаранции и законски права во врска со производите од TP
Vision Europe B.V. што сте ги купиле. Тоа се однесува само
на овој изворен код кој ви е овозможен.
61