User manual

Table Of Contents
16.8
Напојување и енергија
Поставување Однесување при вклучувањето
Поставки > Систем > Напојување и енергија >
Однесување при вклучувањето.
Поставете телевизорот да остане на Почетниот екран или
на Последниот влезен извор кога го вклучувате
телевизорот.
Поставување Заштеда на енергија
Поставки > Систем > Напојување и енергија > Заштеда
на енергија.
Поставете го времето за автоматско исклучување на
екранот на телевизорот за да заштедите енергија. Можете
да го поставите времето на 15 минути, 30 минути, 1 час, 4
часа, 8 часа, 12 часа, 24 часа или Никогаш.
Поставување на исклучување на екранот за заштеда на
потрошувачката на енергијата
Брзо мени / MENU > Чести поставки > Исклучување на
екран.
Или, пак, одете во Поставки > Систем > Напојување и
енергија > Исклучување на екран. Исто така, можете да го
притиснете копчето OPTIONS за да пристапите до
Исклучување на екран под изворите за телевизорот и
HDMI.
Изберете Исклучување на екран и екранот на телевизорот
ќе се исклучи. За да го вклучите екранот на телевизорот,
притиснете го кое било копче (освен AMBILIGHT*,
Јачина на звук + или - , и копчињата за навигација) на
далечинскиот управувач.
Поставете го телевизорот автоматски да се префрлува во
режим на подготвеност по однапред поставено време
Брзо мени / MENU > Чести поставки > Тајмер за
мирување.
Или, пак, одете во Поставки > Систем > Напојување и
енергија > Тајмер за мирување.
Телевизорот автоматски се префрла во режим на
подготвеност по однапред поставено време. Можете да го
запрете тајмерот кога ќе се појави известувањето во
последните две минути.
Поставување на телевизорот на исклучување на тајмер
Поставки > Систем > Напојување и енергија > Тајмер за
исклучување.
Притиснете ги копчињата со стрелки / за навигација за да
ја прилагодите вредноста. Вредноста 0 (Исклучено) го
деактивира автоматското исклучување.
Изберете Исклучување на тајмер, телевизорот се
исклучува автоматски за да заштеди енергија.
• Телевизорот се исклучува ако добива ТВ сигнал, но вие
не притискате на ниедно копче од далечинскиот управувач
во период од 4 часа.
• Телевизорот се исклучува ако не добива ТВ сигнал ниту
пак наредба од далечинскиот управувач во период од 10
минути.
• Ако го користите телевизорот како монитор или
користите дигитален приемник за да гледате телевизија
(Дигитален приемник - STB) и не го користите
далечинскиот управувач од телевизорот, деактивирајте го
ова автоматско исклучување и поставете ја вредноста на 0.
16.9
Емитување
Што ви е потребно
Доколку одредена апликација на вашиот мобилен уред
има Google Cast, можете да ја емитувате апликацијата на
овој телевизор. Побарајте ја иконата Google Cast на
мобилната апликација. Можете да го користите вашиот
мобилен уред за да ги контролирате содржините на
телевизорот. Google Cast работи на Android и на iOS.
Мобилниот уред мора да биде поврзан на истата Wi-Fi
домашна мрежа како и телевизорот.
Апликации со Google Cast
Секој ден се достапни нови апликации од Google
Cast. Можете да се обидете со YouTube, Chrome, Netflix,
Photowall … или со Big Web Quiz за Chromecast. Погледнете
на google.com/cast
Одредени производи и функции од Google Play не се
достапни во сите земји.
Дознајте повеќе на www.support.google.com/googletv
Емитувајте на вашиот телевизор
За да емитувате апликација на ТВ-екранот:
1 - На вашиот smartphone уред или таблет уред, отворете
апликација која поддржува Google Cast.
2 - Допрете ја иконата Google Cast.
3 - Изберете го телевизорот на кој сакате да емитувате.
4 - Притиснете репродуцирај на вашиот smartphone уред
или таблет уред. Она што сте го избрале треба да започне
да се репродуцира на телевизорот.
63