User manual

Table Of Contents
• Приказ на мал прозорец со земање потпримероци на
видео во живо.
• Мерачи во форма на полумесечина за приказ на статусот
на острината, шумот, движењето, боите на видеото и
условите на амбиенталната светлина при гледањето.
• Мерач на контраст: хистограм на придонесот во нивоата
на видеото.
Резултати од AI анализата на десната страна:
Класификација на сцени: Категорија за класификација на
сцени во живо (кругот пополнет со боја пропорционално
го назначува нивото на доверба за секоја категорија).
Втор чекор: Поделен екран за приказ на визуелни ефекти
во живо.
На левата половина на екранот ќе биде оригиналното
видео со исклучени функции за AI подобрување на слика;
на десната половина на екранот ќе бидат применети сите
поставки за AI слика Тука се видливи разликите по
обработката на сликата со AI.
Трет чекор: Видео со ефект на P5 AI подобрување
прикажано на цел екран.
16.13
Рестартирање
Поставки > Систем > Рестартирај
Забелешка:
• Исклучете го надворешниот USB-хард диск пред да
рестартирате.
• Почекајте неколку секунди, телевизорот ќе се рестартира
автоматски.
Ова ќе ги отстрани непотребните податоци и информации
во меморијата.
Ако телевизорот работи со ниски перформанси кога
користите апликации како, на пример, видеото и аудиото
не се синхронизирани или апликацијата работи бавно,
рестартирајте го телевизорот за подобри перформанси.
65