User manual

Table Of Contents
22
Alexa
22.1
Информации за Alexa
Вашиот телевизор поддржува операции со гласовна
контрола на Amazon Alexa*.
Информации за Alexa
Alexa е гласовна услуга базирана на cloud, достапна на
Alexa Echo уредите од Amazon и производителите на
уреди. Додека Alexa работи на вашиот телевизор, можете
да го вклучувате/исклучувате телевизорот, да менувате
канали, да ја менувата јачината на звукот и многу повеќе
од тоа.
За да го контролирате телевизорот со Alexa, потребни ви
се:
• Philips Smart TV со поддршка за Alexa
• Amazon Echo уред
• Сметка на Google
• Мобилен уред, како на пример вашиот телефон или
таблет уред
• Wi-Fi мрежа
Информации за Alexa Skill
Alexa ги користи Alexa Skills за да ги прошири операциите
со гласовна контрола. Вештините додаваат нови можности
кои создаваат поперсонализирано искуство со вашиот
телевизор со Alexa. Вештината „Гласовна контрола за
Philips Smart TV“, која може да се пронајде во
продавницата за Alexa Skills, овозможува разни наредби за
гласовна контрола кои функционираат со вашиот Philips
Smart TV.
* Alexa не е достапна на сите јазици и во сите земји.
Amazon, Alexa и сите поврзани лого ознаки се заштитни
знаци на Amazon.com, Inc. или на нејзините подружници.
Забелешка: поддржаните Ambilight-стилови може да
зависат од моделот на телевизорот. Погледнете го
упатството за користење на телевизорот за да ги дознаете
поддржаните Ambilight-стилови.
22.2
Користење на Alexa
За да ја користите Alexa, најпрво потребно е да ја
инсталирате услугата за клиенти Alexa на вашиот Philips
Smart TV. Следете ги упатствата и извршете ги следните
чекори:
- Изберете име за вашиот Smart ТВ за да може Alexa да го
препознае.
- Изберете сметка на Google и најавете се.
- Навратете се на оваа вештина во апликацијата Alexa на
вашиот телефон за да ја овозможите, да поврзете сметки и
да ги откриете вашите уреди.
- Вратете се на вашиот телевизор за да го завршите
поставувањето.
Поставување на телевизор за Alexa
1 - Одете во Поставки > Мрежа и интернет > Напредно
> Контрола на телевизорот со Amazon Alexa за да го
започнете процесот на поставување.
2 - Потребен ви е Amazon Echo уред и придружна
апликација на Alexa (на мобилен уред или веб-верзија) и
подготвени сте за започнување на поставувањето.
3 - Следете ги упатствата на екранот и прифатете ги
условите од Политиката на приватност, именувајте го
вашиот телевизор и најавете се со вашата сметка на
Google. Сметката на Google е потребна за впарувањето со
уредот со Alexa.
4 - На вашиот мобилен уред, најавете се со истата сметка
на Google на придружната апликација Amazon Alexa.
5 - Извршете ги следните чекори во придружната
апликација Amazon Alexa. Првиот чекор е да ја овозможите
вештината „Гласовна контрола на Philips Smart TV“.
Вториот чекор е поврзување со вашата сметка на Google, а
последниот е откривање на уредите.
6 - Изберете Овозможи или Оневозможи за
поставувањето за вклучување на телевизорот. Можете ја
користите Alexa за да го вклучувате/исклучувате
телевизорот преку гласовна наредба.
7 - На крајот на екранот за поставување, можете да
изберете Извршено за да започнете со користењето на
Alexa. Изберете Управување со телевизори за да
управувате со телевизорите кои се впарени со Alexa или
пак за да го поништите впарувањето на телевизорите со
Alexa.
Одете на alexa.amazon.com, кликнете на Skills (Вештини) и
извршете пребарување за „Гласовна контрола на Philips
Smart TV“. Вештината ќе биде наведена во резултатите.
76