User manual

Table Of Contents
23
Спецификации
23.1
За животната средина
Европска енергетска ознака
Европската енергетска ознака ви дава информации за
класата на енергетската ефикасност на овој производ.
Колку е позелена класата на енергетска ефикасност на овој
производ, толку е помала потрошувачката на енергија.
На ознаката може да ја најдете класата на енергетска
ефикасност и просечната потрошувачка на енергија при
користење на овој производ. Исто така можете да ги
најдете вредностите за потрошувачката на енергија за овој
производ на веб-локацијата на Philips за вашата земја
на www.philips.com/TVsupport.
Регистрациски број на EPREL
Регистрациски број на EPREL
42OLED808: 1530159
48OLED808 : 1524689
55OLED808 : 1522345
65OLED808 : 1525518
77OLED808 : 1534975
Крај на употреба
Отстранување на стариот производ и батериите
Вашиот производ е дизајниран и произведен со
висококвалитетни материјали и компоненти кои може да
се рециклираат и повторно да се употребат.
Доколку на производот е поставен овој симбол на
прецртана канта за отпад, тоа значи дека производот е
опфатен со европската директива 2012/19/EC.
Запознајте се со локалниот систем за одделно собирање
на електрични и електронски производи.
Делувајте во согласност со локалните правила и немојте да
ги отстранувате старите производи заедно со вашиот
вообичаен отпад од домаќинството. Правилното
отстранување на вашиот стар производ ќе ги спречи
потенцијалните негативни последици за животната
средина и за здравјето на луѓето.
Вашиот производ содржи батерии опфатени со Европската
директива 2006/66/EC, кои не смеат да бидат отстранети
заедно со обичниот отпад од домаќинствата.
Запознајте се со локалните правила за одделно собирање
на батерии, бидејќи правилното отстранување помага да
се спречат негативните последици за животната средина и
за здравјето на луѓето.
Декларацијата за усогласеност на
Обединетото Кралство
На овој начин, TP Vision Europe B.V. изјавува дека овој
телевизор е усогласен со основните барања и други
соодветни одредби од Регулативите за радиоопрема од
2017 година, Регулативите за еколошки дизајн на
енергетски производи и за енергетски информации
(Дополнување) (Излез од ЕУ) од 2019 година и
Регулативите за ограничување на употребата на одредени
опасни супстанци во електричната и електронската опрема
од 2012 година.
23.2
Напојување
Спецификациите на производот подлежат на промени без
претходна најава. За повеќе детали околу спецификациите
на овој производ, посетете ја страницата
www.philips.com/TVsupport
Напојување
• Напојување : AC 220-240V +/-10%
• Собна температура : 5°C до 35°C
• Функции за заштеда на енергија : Еко режим,
исклучување на звукот на сликата (за радио), автоматско
исклучување на тајмер, мени со еко поставки.
23.3
Оперативен систем
Android OS :
Android 12
77