User manual

Table Of Contents
24
Помош и поддршка
24.1
Регистрирање на вашиот
телевизор
Регистрирајте го вашиот телевизор и уживајте во
предностите кои вклучуваат целосна поддршка
(вклучувајќи преземања), привилегиран пристап до
информации за нови производи, ексклузивни понуди и
попусти, шанса за освојување на награди, па дури и
учество во специјални истражувања за нови производи.
Одете на www.philips.com/TVsupport
24.2
Користење на помош
Отворање на Помош
Притиснете го копчето (сино) за веднаш да го отворите
менито Помош. За да прегледувате теми по азбучен
редослед, притиснете го копчето во боја Клучни
зборови.
За да го читате текстот од Помош како книга,
изберете Книга.
Исто така, можете да ја отворите опцијата Помош во
Брзото мени.
Пред да ги примените инструкциите од менито Помош,
затворете го менито Помош.
За да го затворите менито Помош, притиснете го копчето
во боја Затвори.
За одредени активности, како Текст (Телетекст), копчињата
во боја имаат специфични функции и не можат да го
отворат менито Помош.
ТВ помош на вашиот таблет уред, smartphone уред или
компјутер
За да извршувате подолги процедури со инструкции
полесно, можете да ја преземете ТВ помошта во PDF
формат за да ја читате на вашиот smartphone уред, таблет
уред или компјутер. Алтернативно, можете да ја
испечатите соодветната страница од Помош од вашиот
компјутер.
За да го преземете делот Помош (упатство за користење)
одете на www.philips.com/TVsupport
 Брзо мени / MENU >
Помош
Можете да искористите повеќе функции за помош за да
извршите дијагноза за проблемот и за да добиете повеќе
информации за вашиот телевизор.
Информации за телевизорот - погледнете го името на
моделот, серискиот број и верзијата на софтверот на
вашиот телевизор.
Како да... - Можете да погледнете упатства за како да
инсталирате и да подредувате канали, да го ажурирате
ТВ софтверот, да поврзувате надворешни уреди и да ги
користите Smart функциите на вашиот телевизор.
Дијагноза на телевизорот - извршете дијагноза на
телевизорот за да ја проверите состојбата на вашиот
телевизор.
Самодијагностика - Можете да проверите дали сликата,
звукот, мрежата и другите поставки исправно
функционираат.
Ажурирање на софтвер - Проверете ги достапните
ажурирања за софтверот.
Упатство за користење - Прочитајте го упатството за
користење за повеќе информации околу телевизорот.
Копирање листа на поставки - Копирајте ги поставките за
телевизорот на USB-флеш уред.
Отстранување на проблеми - Пронајдете решение за
често поставуваните прашања.
Фабрички поставки - Ресетирајте ги сите поставки на
фабричките поставки.
Преинсталирање на ТВ - Преинсталирајте и одново
извршете го инсталирањето на телевизорот целосно.
Информации за контакт - Го покажува телефонскиот број
или веб-адресата за вашата земја или регион.
24.3
Дијагноза на телевизорот и
самодијагностика
Дијагноза на телевизорот
Можете да извршите дијагноза на телевизорот за да ја
проверите состојбата на вашиот телевизор. На крајот на
дијагнозата, телевизорот ќе ја избрише кеш-меморијата и
ќе ги затвори апликациите што не се користат за
телевизорот да продолжи да работи непречено.
За да го извршите тестот за дијагностика на телевизорот:
1 - Изберете Брзо мени / MENU > Помош >
Дијагностика на телевизорот и притиснете OK.
2 - Изберете Започни за да започнете низа дијагностички
тестови.
3 - Кога тестот ќе заврши, може да го видите статусот на
следниве елементи.
- Далечински управувач
- Напојување
- Слика
- Звук
- Надворешни уреди
- Мрежа
- Приемник
- Меморија
- Бришење на кеш-меморијата
- Апликации
4 - Изберете Затвори за да ја затворите страницата со
80