User manual

Table Of Contents
резултати и да се вратите во волшебникот за Дијагноза на
телевизорот.
5 - Изберете Извршено за да излезете од Дијагноза на
телевизорот или за да извршите уште една дијагностичка
проверка, изберете Прикажи ги резултатите за повторно
да ја погледнете страницата со резултати.
Самодијагностика
Функцијата за самодијагностика може да ви помогне при
отстранувањето на проблеми со вашиот телевизор така
што ќе ги провери конфигурациите на телевизорот.
За да извршите самодијагностика:
1 - Изберете Брзо мени / MENU > Помош >
Самодијагностика и притиснете OK.
2 - Изберете ги следниве елементи за да ги проверите
конфигурациите.
Проверете го телевизорот - Можете да проверите дали
сликата, звукот и другите поставки исправно
функционираат.
Проверете ја мрежата - Проверете го мрежното
поврзување.
Проверете го далечинскиот управувач - Извршете го
тестирањето за да ја проверите функционалноста на
далечинскиот управувач испорачан со телевизорот.
Погледни историја на слаб сигнал - Приказ на листата на
броеви на канали кои биле автоматски зачувани кога
јачината на сигналот била слаба.
Оптимизирајте ја внатрешната меморија - Ослободете
простор во внатрешната меморија на телевизорот за
оптимални перформанси.
24.4
Отстранување на проблеми
Вклучување и далечински управувач
Телевизорот не се вклучува
• Откачете го кабелот за напојување од штекерот.
Почекајте една минута, а потоа повторно вклучете го.
• Проверете дали кабелот за напојување е безбедно
поврзан.
Крцкање при вклучување и исклучување
Кога го вклучувате, исклучувате или го ставате телевизорот
во режим на подготвеност, се слуша крцкање од шасијата
на телевизорот. Крцкањето е поради вообичаеното
ширење и собирање на телевизорот при ладење и
загревање. Ова не влијае на перформансите.
Телевизорот не реагира на далечинскиот управувач
На телевизорот му е потребно некое време да се вклучи.
Во овој период, телевизорот не реагира на далечинскиот
управувач или ТВ контролите. Ова е нормална појава.
Ако телевизорот и понатаму не реагира на далечинскиот
управувач, можете да проверите дали работи
далечинскиот управувач преку камера на мобилен
телефон. Поставете го телефонот во режим на камера и
насочете го далечинскиот управувач кон објективот на
камерата. Ако притиснете кое било копче на далечинскиот
управувач и забележите инфрацрвено LED трепкачко
светло низ камерата, далечинскиот управувач
функционира. Телевизорот треба да се провери.
Ако не го забележите треперењето, далечинскиот
управувач можно е да е оштетен или батериите да се
слаби.
Овој начин на проверка на далечинскиот управувач не е
возможен со далечински управувачи кои се безжично
впарени со телевизорот.
Светлото за режим на подготвеност продолжува да
трепка
Откачете го кабелот за напојување од штекерот. Почекајте
5 минути пред повторно да го вклучите кабелот за
напојување. Ако повторно се појави трепкањето, обратете
се на Корисничката поддршка на Philips TV.
Канали
Не се пронајдени дигитални канали за време на
инсталацијата
Погледнете ги техничките спецификации за да проверите
дали вашиот телевизор поддржува DVB-T или DVB-C во
вашата земја.
Проверете дали сите кабли се правилно поврзани и дали е
избрана точната мрежа.
Претходно инсталираните канали не се на листата на
канали
Проверете дали е избрана точната листа на канали.
Слика
Нема слика / изобличена слика
• Проверете дали антената е правилно поврзана на
телевизорот.
• Проверете дали е избран точниот уред како извор на
екранот.
• Проверете дали надворешниот уред или извор е
правилно поврзан.
Има звук, но нема слика
• Извршете промена кон други видео извори, а потоа
вратете се назад на тековниот извор, а потоа вратете го
стилот на слика во Поставките за слика или извршете
Фабричко ресетирање во опцијата Општи поставки.
Слаб прием на антенски сигнал
• Проверете дали антената е правилно поврзана на
телевизорот.
• Гласни звучници, безжични аудио уреди, неонски светла,
високи згради и други големи предмети може да влијаат
на квалитетот на приемот. Доколку е тоа можно, обидете
81