User manual

Table Of Contents
се да го подобрите квалитетот на приемот со промена на
насоката на антената или со поместување на уредите
подалеку од телевизорот.
• Ако приемот е слаб само на еден канал, прилагодете го
овој канал.
Слаба слика од уред
• Проверете дали уредот е правилно поврзан. Проверете
дали видео излезот на уредот е поставен на највисоката
можна резолуција, доколку е можно.
• Вратете го стилот на сликата или извршете промена во
други стилови на слика.
Поставките за слика се менуваат по некое време
Проверете дали функцијата Локација е поставена на Дом.
Можете да ги менувате и зачувувате поставките во овој
режим.
Се појавува рекламен напис
Проверете дали функцијата Локација е поставена на Дом.
Сликата не го исполнува екранот
• Променете го форматот на сликата.
• Променете ја опцијата Формат на слика во Оригинално.
Позицијата на сликата не е правилна
• Сигналите за слика од некои уреди може да не
одговараат на екранот. Проверете го излезниот сигнал на
поврзаниот уред.
• Променете ја опцијата Формат на слика во Оригинално.
Сликата од компјутерот не е стабилна
Проверете дали вашиот PC ја користи поддржаната
резолуција и стапка на обновување.
Звук
Нема звук или слаб квалитет на слика
Ако не е детектиран аудио сигнал, телевизорот автоматски
го исклучува аудио излезот — ова не значи неисправност.
• Проверете дали поставките за звук се правилно
поставени.
• Проверете дали сите кабли се правилно поврзани.
• Проверете дали јачината на звук е исклучена или
поставена на нула.
• Проверете дали аудио излезот на телевизорот е поврзан
на аудио влезот на Системот за домашно кино.
Треба да се слушне звук од звучниците на HTS уредот.
• Кај некои уреди ќе треба рачно да го овозможите HDMI
аудио излезот. Ако HDMI звукот е веќе овозможен, но сѐ
уште не слушате звук, обидете се со промена на форматот
на дигиталниот звук на уредот во PCM (Pulse Code
Modulation). Погледнете ги инструкциите во придружната
документација за вашиот уред.
HDMI и USB
HDMI
• Обрнете внимание дека поддршката за HDCP (High-
bandwidth Digital Content Protection) може да го продолжи
времето кое му е потребно на телевизорот за да прикаже
содржини од HDMI уред.
• Ако телевизорот не го препознае HDMI уредот и не се
прикаже слика, префрлете го изворот од еден уред на друг
и потоа повторно назад.
• Доколку се изобличени сликата и звукот од уредот
поврзан на HDMI, поврзете го уредот на друг HDMI
приклучок на телевизорот и исклучете го и повторно
вклучете го напојувањето на уредот-извор.
• Доколку сликата и звукот од уредот поврзан со HDMI се
изобличени, проверете дали различното поставување
на HDMI Ultra HD може да го реши проблемот. Во Помош,
притиснете го копчето во боја Клучни зборови и
побарајте HDMI Ultra HD.
• Ако повремено има прекини во звукот, проверете дали
излезни поставки од HDMI уредот се точни.
• Ако користите HDMI кон DVI адаптер или HDMI кон DVI
кабел, проверете дали е поврзан дополнителен аудио
кабел на AUDIO IN (само мини приклучок), доколку е
достапен.
HDMI EasyLink не функционира
• Проверете дали вашите HDMI уреди се компатибилни со
HDMI-CEC. EasyLink функциите функционираат само со
уреди кои се компатибилни со HDMI-CEC.
HDMI eARC не функционира правилно
• Проверете дали HDMI-кабелот е поврзан во HDMI 2.
• Проверете дали сте го поврзале HDMI-кабелот со
извонредно голема брзина во приклучокот eARC.
• Достапен е само еден eARC-уред истовремено.
Не се прикажува икона за јачина на звук
• Кога се поврзува HDMI-CEC аудио уред и го користите
далечинскиот управувач од телевизорот за да го
прилагодите нивото на јачината на звукот од уредот, оваа
појава е нормална.
Не се прикажуваат фотографии, видео записи и музика
од USB уред
• Проверете дали USB меморискиот уред е поставен да ја
поддржува класата за масовно складирање, како што е
опишано во документацијата на меморискиот уред.
• Проверете дали USB меморискиот уред е компатибилен
со телевизорот.
• Проверете дали форматите на аудио датотеките и
датотеките со слики се поддржани од телевизорот.
Испрекината репродукција на USB датотеки
• Перформансите за пренос на USB меморискиот уред
може да ја ограничат стапката на пренос на податоци до
телевизорот што предизвикува слаба репродукција.
82