User manual

Table Of Contents
Мрежа
Не е пронајдена Wi-Fi мрежа или Wi-Fi мрежата е
изобличена
• Микробранови печки, DECT телефони или други Wi-Fi
802.11b/g/n/ac уреди во ваша близина може да ја
попречат безжичната мрежа.
• Проверете дали firewall заштитата на вашата мрежа
дозволува пристап на безжичното поврзување на
телевизорот.
• Ако безжичната мрежа не функционира правилно во
вашиот дом, обидете се со инсталирање на кабелска
мрежа.
Интернетот не функционира
• Ако поврзувањето со рутерот е во ред, проверете го
поврзувањето на рутерот на интернет.
Компјутерот и интернет врската се бавни
• Погледнете во упатството за користење на безжичниот
рутер за повеќе информации околу внатрешниот опсег,
стапката на пренос и други фактори на квалитетот на
сигналот.
• Користете брза (широкопојасна) интернет врска за
вашиот рутер.
DHCP
• Ако поврзувањето е неуспешно, можете да ги проверите
поставките за DHCP (Dynamic Host Configuration Protocol) на
рутерот. DHCP треба да е вклучено.
Слаб квалитет при гледање видео што се проследува
• Квалитетот на сликата/звукот на проследуваното видео
зависи од оригиналната видеосодржина обезбедена од
апликациите за проследување видео.
• За да се обезбеди најдобро доживување при гледањето
проследувани видеа, неопходна е брза и стабилна мрежна
врска. Препорачаната брзина на мрежната врска за
проследување видеа е следната:
- стандарден квалитет на слика (SD): 5 Mbps
- висок квалитет на слика (HD): 10 Mbps
- 4K/Ultra HD (UHD): 25 Mbps
Bluetooth®
Впарувањето не е можно
• Проверете дали уредот се наоѓа во режим за впарување.
Прочитајте го упатството за користење на уредот.
• Држете го безжичниот звучник колку што е можно
поблиску до телевизорот.
• Обидот за впарување на неколку уреди со телевизорот
истовремено може да биде неуспешен.
Прекината врска преку Bluetooth®
• Поставете го безжичниот звучник во радиус од 5 метри
од телевизорот.
Синхронизација на звук кон видео преку Bluetooth®
• Пред да купите безжичен Bluetooth® звучник,
информирајте се за квалитетот на синхронизацијата на
звукот кон видеото, познато како „усно совпаѓање“. Некои
Bluetooth® уреди не работат исправно. Обратете се на
вашиот продавач за совет.
Погрешен јазик на мени
Погрешен јазик на мени
Вратете го јазикот назад кон вашиот во режимот за Google
TV.
1 - Притиснете го копчето DASHBOARD за да го
стартувате менито Контролна табла.
2 - Изберете ја иконата и притиснете OK за да го
отворите Поставки.
3 - Притиснете 6 пати (надолу) и притиснете OK за да
влезете во менито Систем.
4 - Притиснете 3 пати (надолу) и притиснете OK за да
влезете во менито Јазик
5 - Изберете го вашиот јазик и притиснете OK.
6 - Притиснете Back за да го затворите менито.
Вратете го јазикот назад кон вашиот во Основниот режим.
1 - Притиснете го копчето DASHBOARD за да го
стартувате менито Контролна табла.
2 - Изберете ја иконата и притиснете OK за да го
отворите Поставки.
3 - Притиснете 7 пати (надолу) и притиснете OK за да
влезете во менито Систем.
4 - Притиснете 3 пати (надолу) и притиснете OK за да
влезете во менито Јазик
5 - Изберете го вашиот јазик и притиснете OK.
6 - Притиснете Back за да го затворите менито.
24.5
Онлајн помош
За да решите каков било проблем поврзан со Philips TV,
можете да ја консултирате нашата онлајн поддршка.
Можете да го изберете вашиот јазик и да го внесете бројот
на моделот на вашиот производ.
Одете на www.philips.com/TVsupport
На веб-сајтот за поддршка можете да го пронајдете
телефонскиот број за вашата земја за да нѐ контактирате,
како и често поставуваните прашања (ЧПП). Во некои
земји, можете да разговарате со еден од нашите
соработници и директно да му поставувате прашања или
да му испратите прашање преку e-mail порака.
Можете да го преземете новиот ТВ софтвер или упатството
за да го читате на вашиот компјутер.
83