User manual

Table Of Contents
25
Безбедност и грижа
25.1
Безбедност
Важно
Прочитајте ги и разберете ги сите безбедносни инструкции
пред да го користите телевизорот. Ако настане
оштетување поради непридржување до инструкциите,
гаранцијата не важи.
Ризик од електричен удар или пожар
• Никогаш немојте да го изложувате телевизорот на дожд
или вода. Никогаш немојте да поставувате садови со
течност, како вазни, во близина на телевизорот.
Ако се истури течност на или во телевизорот, веднаш
исклучете го телевизорот од штекерот.
Контактирајте ја корисничката поддршка на Philips TV за
проверка на телевизорот пред употреба.
• Немојте да го изложувате телевизорот, далечинскиот
управувач или батериите на прекумерна топлина. Немојте
да ги поставувате во близина на свеќи што горат, пламен
или други извори на топлина, вклучувајќи директна
сончева светлина.
• Немојте да вметнувате предмети во отворите за
вентилација или во другите отвори на телевизорот.
• Немојте да поставувате тешки предмети врз кабелот за
напојување.
• Не користете прекумерна сила при ракување со
приклучоците за напојување. Недоволно прицврстените
приклучоци за напојување може да предизвикаат спој или
пожар. Проверете дали приклучокот за напојување не е
затегнат кога го поместувате ТВ екранот.
• За да го исклучите телевизорот од напојувањето, мора да
го исклучите приклучокот за напојување. Кога го
исклучувате напојувањето, секогаш влечете го приклучокот
за напојување, не кабелот. Проверете дали имате целосен
пристап до приклучокот за напојување, кабелот за
напојување и штекер во секое време.
Ризик од повреда или оштетување на
телевизорот
• Потребни се двајца за да кренат и да носат телевизор кој
тежи повеќе од 25 kg или 55 lbs.
• Ако го монтирате телевизорот на држач, користете го
само испорачаниот држач. Цврсто поставете го држачот на
телевизорот.
Поставете го телевизорот на рамна, изедначена површина
која може да ја издржи комбинираната тежина на
телевизорот и држачот.
• Кога е монтиран на ѕид, проверете дали држачот за на
ѕид може безбедно да ја поднесе тежината на ТВ уредот.
TP Vision не сноси никаква одговорност за неправилно
поставување на ѕид кое може да резултира со несреќен
случај, повреда или оштетување.
• Одредени делови од овој производ можно се
изработени од стакло. Внимателно ракувајте за да
избегнете повреда или оштетување.
Ризик од оштетување на телевизорот!
Пред да го поврзете телевизорот во штекерот, проверете
дали напонот одговара на вредноста испечатена на
задната страна на телевизорот. Никогаш не го поврзувајте
телевизорот во штекерот ако напонот е различен.
Опасности поврзани со стабилноста
Телевизорот може да падне и да предизвика сериозни
повреди или смрт. Многу повреди, особено кај децата,
можат да се избегнат со преземање неколку едноставни
мерки на претпазливост, како на пример:
• СЕКОГАШ проверувајте дали телевизорот виси на работ
од мебелот на кој е поставен.
• СЕКОГАШ користете комоди или масички или начини за
поставување кои ги препорачува производителот на
телевизорот.
• СЕКОГАШ користете мебел што може безбедно да го
држи телевизорот.
• СЕКОГАШ поучувајте ги децата за опасностите од
качување врз мебелот за да го дофатат телевизорот или
неговите копчиња.
• СЕКОГАШ поставувајте ги каблите поврзани во вашиот
телевизор на начин на кој нема да можете да се сопнете
од нив, да ги повлечете или истргнете.
• НИКОГАШ не поставувајте го телевизорот на нестабилно
место.
• НИКОГАШ не поставувајте го телевизорот на висок мебел
(на пример, ормани или полици) без да го прицврстите и
мебелот и телевизорот на соодветна подлога.
• НИКОГАШ не поставувајте го телевизорот на ткаенини
или други материјали што можат да се стават помеѓу
телевизорот и мебелот на кој е поставен.
• НИКОГАШ не поставувајте предмети, како што се играчки
и далечински управувачи, кои може да ги натераат децата
да се качат врз телевизорот или мебелот на кој е поставен
телевизорот.
При користење и преместување на телевизорот, важат
истите мерки на претпазливост наведени погоре.
85