User manual

Table Of Contents
26
Услови на користење
26.1
Услови на користење - ТВ
2023 © TP Vision Europe B.V. Сите права се задржани.
Овој производ се нуди на пазарот од страна на TP Vision
Europe B.V. или некоја од неговите филијали, во
понатамошниот текст на овој документ како TP Vision, кој е
производител на овој производ. TP Vision е издавач на
гаранцијата за телевизорот со кој е испорачана оваа
брошура. Philips и заштитеното лого на Philips се
регистрирани трговски марки на Koninklijke Philips N.V.
Спецификациите подлежат на промени без претходна
најава. Трговските марки се сопственост на Koninklijke
Philips N.V или на нивните респективни сопственици. TP
Vision го задржува правото за промена на производите во
кое било време, без обврска за усогласување на
претходните производи со тие промени.
Писмениот материјал испорачан со телевизорот и
упатството зачувано во меморијата на телевизорот или
преземено од веб-сајтот на
Philips www.philips.com/TVsupport се сметаат како
соодветни за предвидената употреба на системот.
Материјалот во ова упатство се смета соодветен за
намената на системот. Ако производот, или неговите
поединечни модули или процедури, се користат за цели
различни од оние кои се наведени овде, мора да се добие
потврда за нивната валидност и соодветност. TP Vision
гарантира дека самиот материјал не прекршува ниеден
патент во Соединетите Американски Држави. Не се
искажува ниту пак имплицира никаква додатна гаранција.
TP Vision не може да се смета за одговорен за какви било
грешки во содржината на овој документ, ниту за какви
било проблеми како резултат на содржината на овој
документ. Грешките доставени до Philips ќе бидат
адаптирани и објавени на веб-сајтот за поддршка на Philips
колку што е можно побрзо.
Услови на гаранција - Опасност од повреда, оштетување на
телевизорот или поништување на гаранцијата!
Немојте да се обидувате сами да го поправате
телевизорот. Користете го телевизорот и дополнителната
опрема исклучиво по упатствата на производителот.
Знакот за внимание испечатен на задната страна на
телевизорот укажува на ризик од електричен удар.
Никогаш немојте да го отстранувате капакот на
телевизорот. Секогаш контактирајте ја службата за грижа
за корисници на Philips телевизори за услуги или поправки.
Пронајдете го телефонскиот број во испечатената
документација која е испорачана со телевизорот. Или пак,
посетете го нашиот веб-сајт www.philips.com/TVsupport и
доколку е потребно изберете ја вашата земја. Секоја
операција која е строго забранета во ова упатство, или
какви било прилагодувања и процедури при
составувањето кои не се препорачани или одобрени во
ова упатство ќе ја поништат гаранцијата.
Карактеристики на пиксели
Овој ТВ производ има висок број на пиксели во боја. Иако
ефективните пиксели се 99,999% или повеќе, можно е
постојано да се појавуваат црни точки или светли точки во
боја (црвена, зелена или сина) на екранот. Ова е
структурна карактеристика на екранот (во рамките на
општите индустриски стандарди) и не е дефект. Затоа,
имајте предвид дека тоа не подлежи на поправка, замена
или рефундирање во и/или надвор од гарантниот период.
Карактеристики на задното осветлување
Сите телевизори од Philips поминаа строги тестови и
проверки пред да ви бидат испорачани. Можете да бидете
сигурни дека квалитетот на нашите телевизори го ставаме
на прво место за да ви овозможиме максимално уживање
при гледањето телевизија. Меѓутоа, имајте предвид дека
прелевањето на задното осветлување („ефектот Мура“)
и/или нерамномерноста на задното осветлување што
може да се забележат само на темни слики или во многу
темна и затемнета просторија се во рамките на
спецификациите на телевизорот. Ваквите појави не
претставуваат оштетување ниту пак се сметаат за дефект
на телевизорот. Поради тоа, жалиме што ваквите барања
за гаранција, бесплатно сервисирање, замена или
рефундирање не може да бидат прифатени во и/или
надвор од гарантниот период.
CE-усогласеност
Со овој документ, TP Vision Europe B.V. изјавува дека овој
телевизор е усогласен со основните барања и други
соодветни одредби од директивите 2014/53/EU (RED),
2009/125/EC (регулатива (ЕУ) 2019/2021) (еколошки дизајн)
и 2011/65/EC (RoHS).
Усогласеност со EMF
TP Vision произведува и продава многу производи
наменети за потрошувачите, кои, како и сите електронски
уреди, општо земено можат да емитуваат и примаат
електромагнетни сигнали. Еден од главните деловни
принципи на TP Vision е преземање на сите потребни
мерки за заштита на здравјето и безбедноста при
користењето на нашите производи, заради усогласување
со сите применливи правни прописи и почитување на EMF
(Електромагнетно поле) стандардите кои се важечки во
време на произведувањето на уредите.
TP Vision се придржува кон развивање, произведување и
пласирање производи на пазарот кои не предизвикуваат
никакви негативни здравствени ефекти. TP Vision
потврдува дека доколку нивните производи се ракуваат
правилно за предвидената употреба, тие се безбедни,
според научните докази кои се достапни денес. TP Vision
игра активна улога во развојот на меѓународните EMF и
безбедносни стандарди, што му овозможува на Philips да
го предвиди понатамошниот развој на стандардизацијата
за благовремена интеграција во производите.
87