User Guide
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Нега на OLED екранот
- 2 Почетен екран
- 3 Поставување
- 4 Далечински управувач
- 5 Вклучување и исклучување
- 6 Инсталирање на канал
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Поврзување на уреди
- 9.1 Информации за поврзувањата
- 9.2 Систем за домашно кино - HTS
- 9.3 Дигитален аудио излез - Оптички
- 9.4 CAM со smart картичка - CI+
- 9.5 Smartphone уреди и таблет уреди
- 9.6 Blu-ray диск плеер
- 9.7 Слушалки
- 9.8 Конзола за игри
- 9.9 USB тастатура
- 9.10 USB-мемориски уред
- 9.11 Фотоапарат
- 9.12 Видео камера
- 9.13 Сабвуфер
- 9.14 Компјутер
- 10 Поврзете го вашиот телевизор
- 11 Интернет
- 12 Извори
- 13 Брзо мени и чести поставки
- 14 Екран и звук
- 15 Апликации
- 16 Систем
- 17 Далечински управувач и додатоци
- 18 Видео записи, фотографии и музика
- 19 Smartphone уреди и таблет уреди
- 20 Игри
- 21 Netflix
- 22 Alexa
- 23 Спецификации
- 24 Помош и поддршка
- 25 Безбедност и грижа
- 26 Услови на користење
- 27 Авторски права
- 28 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
Ако апликацијата HD+ OpApp не може да се преземе или
инсталира, обидете се повторно да ја преземете подоцна.
Ако проблемот не се реши, контактирајте со HD+.
По успешното инсталирање на апликацијата HD+ OpApp,
можете да го започнете бесплатниот период. Променете го
изворот во Гледај сателит по инсталацијата. Ако претходно
сте користеле CAM-модул за HD+, сега можете да го
отстраните. Ако во телевизорот е вметнат CICAM, тој нема
да се користи за декодирање на сигналот кога гледате
сателитски канал.
Одредени функции ќе се променат по инсталирањето на
HD+ OpApp.
• Функциите за снимање и потсетување не се дозволени за
сателитски канали.
• Листата на омилени е достапна само во Антена/Кабел.
• Изборот на канал, ТВ-водичот и информациите за канали
се заменети со корисничкиот интерфејс на OpApp
• Преименувањето и клонирањето на сателитски канали ќе
се оневозможи.
* Забелешка: апликацијата HD+ OpApp е достапна само за
претплатници на HD+, а поставката за земја е Германија.
Апликација M7 TV
Апликација M7 TV
Апликацијата M7 TV* е апликација за претплатниците на
M7 што може да користат виртуелен сет-топ бокс на
телевизорот. Апликацијата има апликации и функции до
кои претходно пристапувавте преку физички сет-топ бокс.
За да ја инсталирате апликацијата M7 TV, потребна ви е
интернет-врска и потребно е да ги прифатите Условите за
користење на Philips, Политиката за приватност и Условите
за користење на Smart TV. Апликацијата може да ја
инсталирате преку Екранот со апликации или со помош на
опцијата Пребарување сателити во менито Поставки.
Ако апликацијата M7 TV не може да се преземе или
инсталира, обидете се повторно да ја преземете подоцна.
Ако проблемот не се реши, контактирајте со M7.
По успешното инсталирање на апликацијата M7 TV,
можете да започнете да добивате дополнителни
комерцијални канали во HD и UHD-квалитет. Променете го
изворот во Гледај сателит по инсталацијата. Ако претходно
сте користеле CAM-модул за М7, продолжете да го
користите за декодирање на сигналот кога гледате
сателитски канал.
Одредени функции ќе се променат по инсталирањето на
апликацијата M7 TV.
• Функциите за снимање и потсетување не се дозволени за
сателитски канали.
• Листата на омилени е достапна само во Антена/Кабел.
• Изборот на канал, ТВ-водичот и информациите за канали
се заменети со корисничкиот интерфејс на апликацијата
• Преименувањето и клонирањето на сателитски канали ќе
се оневозможи.
* Забелешка: Апликацијата M7 TV е достапна само за
претплатниците на M7 во одредени земји.
6.2. Инсталирање на антена
Ажурирање на канали
Автоматско ажурирање на каналите
Ако примате дигитални канали, можете да го поставите
телевизорот автоматски да ги ажурира овие канали.
Еднаш дневно, во 7 часот наутро, телевизорот ги ажурира
каналите и зачувува нови канали. Новите канали се
зачувуваат во Листата на канали и се означени со .
Каналите без сигнал се отстрануваат. Телевизорот мора да
биде во режим на подготвеност за да ги ажурира каналите
автоматски. Можете да го исклучите Автоматското
ажурирање на каналите.
За да го исклучите автоматското ажурирање:
1 - Изберете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали > Антенско/Кабелско инсталирање или Антенско
инсталирање и притиснете OK.
2 - Доколку е потребно, внесете го PIN кодот.
3 - Изберете Автоматско ажурирање на каналите и
притиснете OK.
4 - Изберете Исклучено и притиснете OK.
5 - Притиснете (налево) за да се вратите еден чекор
назад или, пак, притиснете Назад за да го затворите
менито.
Кога ќе се пронајдат нови канали или кога ќе се ажурираат
или отстрануваат канали, при вклучувањето на
телевизорот ќе се прикаже порака. За да се избегне
појавувањето на оваа порака по секое ажурирање на
каналот, можете да ја исклучите.
За да ја исклучите пораката:
1 - Изберете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали > Антенско/Кабелско инсталирање или Антенско
инсталирање и притиснете OK.
2 - Доколку е потребно, внесете го PIN кодот.
3 - Изберете Порака за ажурирањето на канали и
притиснете OK.
4 - Изберете Исклучено и притиснете OK.
5 - Притиснете (налево) за да се вратите еден чекор
назад или, пак, притиснете Назад за да го затворите
менито.
Во одредени земји, автоматското ажурирање на каналите
се извршува додека гледате ТВ или во кој било момент
додека телевизорот е во режим на подготвеност.
18










