User Guide

Table Of Contents
Зачувување
Можете да го зачувате каналот на моменталниот број на
канал или на нов број на канал.
Изберете Зачувај тековен канал или Зачувај како нов
канал и притиснете OK. Бројот на новиот канал ќе се
прикаже накратко.
Можете повторно да ги извршите овие чекори сѐ додека
не ги пронајдете сите достапни аналогни ТВ канали.
6.3. Копирање на листа на
канали
Вовед
Копирањето на листа на канали е наменето за продавачите
и напредните корисници.
Со копирањето на листа на канали, можете да ги копирате
каналите инсталирани на еден телевизор на друг Philips TV
од ист тип. Со копирањето на листа на канали, го
избегнувате долгото пребарување на канали со вчитување
на однапред одредена листа на канали на телевизорот.
Користете USB флеш уред од минимум 1 GB.
Услови
• Двата телевизора да се од истата година.
• Двата телевизора да имаат ист тип на хардвер.
Проверете го типот на хардверот на плочката со ознака на
задната страна на телевизорот.
• Двата телевизора да имаат компатибилни верзии на
софтверот.
• За Холандија или кој било од следните кабелски
оператори (Швајцарија: Sunrise / Австрија: Magenta /
Полска: UPC / Романија: Vodafone / Унгарија: Vodafone /
Ирска: VirginMedia), копирањето на листата на канали е
ограничена на копирањето на листата на сателитски
канали. Земските и кабелските канали нема да бидат
копирани или избришани.
Тековна верзија на каналот
За да ја проверите тековната верзија на листата со канали:
1 - Изберете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали, изберете Копирање листа на канали,
изберете Тековна верзија и притиснете OK.
2 - Притиснете OK за да го затворите менито.
Тековна верзија на софтверот
Можете да одете во Поставки > Систем > Повеќе
информации > Верзија на SW за да го видите бројот на
верзијата на тековниот телевизиски софтвер.
Копирање на листа на канали
За да копирате листа на канали:
1 - Вклучете го телевизорот. Телевизорот треба да има
инсталирани канали.
2 - Приклучете USB флеш уред.
3 - Изберете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали > Копирање листа на канали и притиснете OK.
4 - Изберете Копирај на USB уред и притиснете OK. Можно
е од вас да биде побарано да го внесете PIN кодот за
Заклучување за деца за да ја ископирате листата на
канали.
5 - Кога копирањето ќе заврши, извадете го USB флеш
уредот.
6 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
Сега можете да ја вчитате ископираната листа на канали на
друг Philips TV.
Верзија на листа на канали
Проверете ја тековната верзија на листата со канали:
1 - Изберете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали и притиснете (надесно) за да го отворите менито.
2 - Изберете Копирање на листа на канали и
изберете Тековна верзија, а потоа притиснете OK.
3 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
Вчитување листа на канали на
телевизорот
На неинсталирани телевизори
Во зависност од тоа дали вашиот телевизор е инсталиран
или не, мора да користите различен метод на вчитување
на листата на канали.
На телевизор кој не е сѐ уште инсталиран
1 - Приклучете го приклучокот за напојување за да ја
започнете инсталацијата и изберете го јазикот и земјата.
Можете да го прескокнете пребарувањето на канали.
Завршете со инсталацијата.
2 - Приклучете го USB флеш уредот кој ја содржи листата
на канали од другиот телевизор.
3 - За да започнете со вчитувањето на листата на канали,
притиснете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали > Копирање листа на канали > Копирај на
телевизор и притиснете OK. Доколку е потребно, внесете
го PIN кодот.
4 - Телевизорот ќе ве извести доколку копирањето на
листата на канали на телевизорот е успешно. Извадете го
USB флеш уредот.
21