operation manual

57МК
Македонски
1 Важно
Безбедност
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на апаратот и
зачувајте го за во иднина�
Опасност
Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга течност или
(запалив) детергент за да се избегне опасност од струен удар и/
или пожар�
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се
инсектициди или парфеми околу апаратот
Предупредување
Пред да го приклучите апаратот проверете дали напонот наведен
на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа�
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го
замени компанијата Philips, односно сервисен центар овластен
од Philips или лица со соодветни квалификации за да се избегне
опасност
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен адаптерот,
кабелот за напојување или самиот апарат
Користете го само одобрениот адаптер со 2-пински приклучок
(KA1801A-2400750EU) што се испорачува со апаратот
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица
со ограничени физички, сензорни или ментални способности
или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се
под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на
апаратот и да ги разбираат можните опасности�
Децата не смеат да си играат со апаратот
Немојте да ги блокирате влезот и излезот за воздух�
Не поставувајте предмети врз излезот за воздух или пред влезот
за воздух�
Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку
излезот за воздух�