AC1715 Упатство за користење
Содржина 1 Важно �������������������������������������������������������������������������������������� 2 2 Вашиот пречистувач на воздух �������������������������������������� 5 3 Подготовка за користење ������������������������������������������������ 7 4 Користење на пречистувачот на воздух ���������������������� 9 5 Чистење и одржување �����������������������������������������������������13 6 7 8 Чување ����������������������������������������������������������������������������������17
1 Важно Безбедност Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на апаратот и зачувајте го за во иднина. За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали вашиот пречистувач е надграден со најновата верзија. Оваа надградба можете да ја извршите преку апликацијата Air+. Опасност • Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга течност или (запалив) детергент и внимавајте да не навлезат во апаратот за да се избегне опасност од струен удар и/или пожар.
Немојте да го блокирате влезот или излезот за воздух, на пр. со поставување на предмети на излезот за воздух или пред влезот за воздух. • Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку излезот за воздух. • Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n со 2,4 GHz и максимална излезна моќност од 100 mW EIRP. • Bluetooth верзија 5.0 (LE) со фреквенција од 2,4 GHz и излезна RF-моќност помала од 10 mW EIRP.
• • • • • места каде што има остатоци од масло, запален темјан или испарување на хемикалии. Немојте да го користите апаратот во близина на плински апарати, уреди за греење или камини. Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите и исчистите и кога сакате да го замените филтерот или да извршите друг вид на одржување. Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинства.
2 Вашиот пречистувач на воздух Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да целосно ја искористите поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Преглед на контролите Копчиња за контрола Копче за вклучување/ исклучување светло Копче за вклучување/ исклучување Копче за промена на режим Екран 6 Индикатор за Wi-Fi Автоматски режим Брзина 1 Брзина 2 Турборежим Режим на мирување Приказ на PM2,5 Приказ на индексот на внатрешни алергени Предупредување за чистење на филтерот Предупредување за замена на филтерот МК
3 Подготовка за користење Поставување на филтерот Отстранете ја целата амбалажа од филтерот пред првата употреба. Забелешка: проверете дали пречистувачот на воздух е исклучен од штекер пред да го поставите филтерот. 1 1 2 3 4 5 2 3 4 5 Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот. Отстранете ја целата амбалажа од филтерот за пречистување на воздух. Вратете го филтерот во апаратот. Поставете го задниот капак.
Приклучување напојување Забелешка: ризик од струен удар! При исклучување на кабелот за напојување со наизменична струја, секогаш влечете го приклучокот од приклучницата. Никогаш немојте да го влечете кабелот. Поврзете го адаптерот за напојување со: • Прво, приклучницата на апаратот. • Потоа, ѕидниот штекер. Wi-Fi-врска Прво поставување на Wi-Fi-врската Преземете и инсталирајте ја апликацијата „Air+“ на Philips од App Store или Google Play.
Ресетирајте ја Wi-Fi-врската Забелешка: • Ресетирајте ја Wi-Fi-врската кога вашата зададена мрежа е променета. 1 Вметнете го приклучокот на пречистувачот на воздух во штекер и допрете на за да го вклучите пречистувачот на воздух. 2 Допрете и задржете на во траење од 3 секунди сè додека не слушнете звучен сигнал. » Пречистувачот на воздух преминува во режим за впарување. » Индикаторот за Wi-Fi трепка портокалово. 3 Следете ги чекорите 3-4 во делот „Прво поставување на Wi-Fi-врската“.
Повеќето загадувачи на воздухот во затворен простор спаѓаат во PM2,5 - што се однесува на загадувачки честички во воздухот помали од 2,5 микрометри. Вообичаени извори на ситни честички во затворен простор се чадот од тутун, готвењето и палењето свеќи. Некои бактерии што се пренесуваат преку воздухот и најмалите спори на мувла, алергените од домашни миленици и алергенските честички од грини исто така спаѓаат во PM2,5.
Промена на поставката за режим Со допирање на копчето , можете да изберете автоматски режим, брзина 1, брзина 2, турборежим или режим на мирување. Автоматски режим ( ): пречистувачот на воздух автоматски ја приспособува брзината на вентилаторот во зависност од квалитетот на амбиенталниот воздух. Рачна брзина ( и ): во рачниот режим, пречистувачот на воздух работи со брзина 1 или брзина 2. Турборежим ( ): пречистувачот на воздух работи со најголема брзина.
Промена на индикаторот на екранот Забелешка: апаратот го прикажува нивото на PM2,5 според зададените поставки. • Допрете го копчето и задржете го 3 секунди за да го промените индикаторот на екранот помеѓу IAI/PM2,5. 3s 3s Користење на функцијата за вклучување/ исклучување светло Со сензорот за светлина, контролната табла може автоматски да се вклучи, исклучи или затемни во зависност од амбиенталната светлина. Контролната табла ќе се исклучи или затемни кога просторијата е темна.
5 Чистење и одржување Забелешка: • Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер пред да го чистите. • Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја друга течност. • За чистење на деловите на апаратот никогаш немојте да користите абразивни, агресивни или запаливи средства за чистење како што се белило или алкохол. • Никогаш немојте да го чистите филтерот со течности (вклучувајќи и вода). • Не се обидувајте да го чистите сензорот за честички со правосмукалка.
Чистење на сензорот за честички Чистете го сензорот за честички секои 2 месеци за оптимално работење на апаратот. Забелешка: • Ако пречистувачот на воздух се користи во правливо опкружување, можеби ќе треба почесто да се чисти. • Ако нивото на влажност во просторијата е многу високо, на сензорот за честички може да се појави кондензација и светлото за квалитет на воздух може да покаже послаб квалитет на воздухот иако квалитетот на воздухот е всушност добар.
Исклучете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од приклучницата. 1 2 3 4 5 Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот. Исчистете ја површината на филтерот со правосмукалка. Вратете го филтерот во апаратот. Поставете го задниот капак. 9 Вметнете го приклучокот на пречистувачот на воздух во приклучницата. 8 Допрете го копчето за да го вклучите апаратот.
Замена на филтерот Забелешка: • Филтерот не се пере и не е за повеќекратна употреба. • Пред да извршите замена на филтерот, не заборавајте да го исклучите пречистувачот на воздух и да го извадите адаптерот од ѕидниот штекер. 1 Статус на светлото за предупредување за филтерот Дејство Предупредувањето за замена на филтерот започнува да свети Заменете го филтерот NanoProtect (FY1700/30) Исклучете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од приклучницата.
Ресетирање на филтерот Филтерот можете да го замените дури и пред да се прикаже предупредувањето за замена на филтерот ( ) на екранот. Кога ќе го замените филтерот, потребно е рачно да го ресетирате бројачот за траење на филтерот. 1 Допрете го копчето за напојување во траење од 3 секунди за да го исклучите апаратот и извадете го приклучокот од штекер. 2 3 + 3s 2 3 Вметнете го приклучокот во штекер.
7 Решавање проблеми Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Проблем Можно решение Апаратот не работи правилно. • Предупредувањето за замена на филтерот било постојано вклучено, но не сте го замениле соодветниот филтер. Како резултат на тоа, апаратот сега е блокиран.
Проблем Можно решение Апаратот испушта необичен мирис. • При првите неколку употреби, апаратот може да испушта мирис на пластика. Тоа е нормално. Меѓутоа, ако апаратот испушта мирис на изгорено дури и по отстранувањето на филтрите, контактирајте со дистрибутерот на Philips или со овластен сервисен центар на Philips. Филтерот може да испушта мирис по одреден период на користење поради апсорбирањето на внатрешните гасови.
Проблем Можно решение • • • • Поставувањето на Wi-Fi е неуспешно. • • • • • 20 МК Ако рутерот со кој е поврзан пречистувачот е двопојасен и во моментот не се поврзува на мрежа од 2,4 GHz, променете го фреквенцискиот појас на рутерот (2,4 GHz) и обидете се повторно да го впарите пречистувачот. Не се поддржани мрежи од 5 GHz. Не се поддржани мрежи со веб-автентикација. Проверете дали пречистувачот е во опсегот на WiFi-рутерот.
8 Гаранција и поддршка Versuni нуди двегодишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува да важи ако дефектот се должи на неправилно користење или несоодветно одржување. Нашата гаранција не влијае на вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за користење на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Philips и заштитеното лого на Philips се регистрирани заштитни знаци на Koninklijke Philips N.V. и се користат со лиценца. Овој производ е произведен од компанијата Versuni Holding B.V. и се продава под нејзина одговорност, а Versuni Holding B.V. е и давател на гаранцијата за овој производ. 2023 © Versuni Holding B.V. AC1715_user manual_v1.