Air Performer 3-in-1 Air Puri�er, Fan and Heater 8000i Series AMF870 Упатство за користење
Содржина 1 Важно �����������������������������������������������������������������������������������������������1 2 Вашиот Air Performer ������������������������������������������������������������������5 3 Подготовка за користење ����������������������������������������������������������7 4 Користење на Air Performer ������������������������������������������������������9 5 Чистење и одржување ������������������������������������������������������������� 15 6 7 8 Складирање ���������������
1 Важно Безбедност Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на апаратот и зачувајте го за во иднина. За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали вашиот Air Performer е надграден со најновата верзија. Оваа надградба можете да ја извршите преку апликацијата Air+. Опасност • • Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во апаратот, за да избегнете електричен удар и/или опасност од пожар. За да избегнете прегревање и пожар, немојте да го покривате уредот.
• • • • Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу апаратот. Не користете ако има видливи знаци на оштетување на уредот, приклучокот или кабелот за напојување. Немојте да го користите уредот ако ви паднал. Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ • • • • • ОВОЈ ПРОИЗВОД СОДРЖИ БАТЕРИЈА ВО ВИД НА МОНЕТА Ако се проголта, литиумската батерија во вид на монета може да предизвика сериозни или смртоносни повреди во рок од 2 часа. Чувајте ги батериите подалеку од дофат на деца. Ако се сомневате дека батериите се голтнати или внесени во кој било дел од телото, веднаш побарајте медицинска помош.
Рециклирање Овој симбол означува дека производот не треба да се фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU). Овој симбол означува дека овој производ содржи батерии за еднократна употреба кои не смеете да ги фрлате со обичниот отпад од домаќинството (2006/66/EC). Придржувајте се до законите во вашата земја за посебно собирање на електричните и електронските производи и батериите. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.
2 Вашиот Air Performer Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Преглед на екранот Копче за контрола Копче за вклучување/ исклучување Екран Индикатор за Wi-Fi Предупредување за замена на филтерот Приказ на гас Турборежим Режим на мирување Функција за циркулација Функција за греење 6 МК Предупредување за чистење на филтерот Приказ на PM2,5 Автоматски режим Режим управуван преку апликацијата Индикатор за заклучување за деца Функција за дување воздух Лента за квалитет на воздух
Преглед на далечинскиот управувач Брзина на вентилаторот/ избор на температура Промена на функција* Промена на режим** Вклучување/ исклучување на напојувањето Тајмер Осцилација *Притиснете во траење од 3 сек.: Турборежим ( ) **Притиснете во траење од 3 сек.: Заклучување за деца ( Притиснете во траење од 3 сек.: Ресетирање на филтерот ) 3 Подготовка за користење Поставување на филтерот Отстранете ја целата амбалажа од филтерот пред првата употреба.
2 1 1 2 3 4 5 3 4 5 Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот. Отстранете ја целата амбалажа од филтерот за пречистување на воздух. Вратете го филтерот во апаратот. Поставете го задниот капак. Прво користење на далечинскиот управувач Внимание: • Ризик од оштетување на производот! Ако не го користите далечинскиот управувач долго време, извадете ја батеријата. • Батеријата содржи хемиски супстанци кои треба соодветно да се депонираат.
Wi-Fi-врска Прво поставување на Wi-Fi-врската 1 2 3 4 Преземете и инсталирајте ја апликацијата Air+ од App Store или Google Play. Вметнете го приклучокот на Air Performer во штекер и допрете на за да го вклучите Air Performer. » Индикаторот за Wi-Fi трепка со портокалова боја првиот пат. Проверете дали паметниот телефон или таблетот е успешно поврзан со вашата Wi-Fi-мрежа. Стартувајте ја апликацијата Air+ и кликнете на „Add a device“ (Додај уред) или притиснете го копчето „+“ на екранот.
Бојата на светлото за квалитет на воздух се одредува преку индексот на најголем ризик од индикаторите: PM2,5 (честички помали од 2,5 микрони), IAI (индекс на внатрешни алергени) и гас (испарливи органски соединенија, непријатен мирис итн.). Нивоата на IAI и релативна влажност (RH) се достапни само преку апликацијата. PM2.
Боја на светлото за квалитет на воздух Ниво на квалитет на воздух L2 Сино-виолетова Средно L3 Виолетово-црвена Ниско L4 Црвена Многу ниско Ниво на гас L1 Сина Добро IAI се однесува на индексот на внатрешни алергени (достапен само преку апликацијата) Професионалниот сензор AeraSense го открива нивото на алергени во внатрешниот воздух и со нумерички повратни информации од 1 до 12 го прикажува потенцијалното ниво на ризик од алергени во внатрешниот воздух. 1 означува најдобар квалитет на воздух.
Осцилација Притиснете го копчето за да ја активирате функцијата за осцилација на вашиот Air Performer. Апаратот може да осцилира под следните агли: 45°, 90°,180°, 270°, 350° и OFF (ИСКЛУЧЕНО). » На екранот се прикажува аголот на осцилација. » Ако не извршите операција во рок од 3 секунди, апаратот се враќа на вообичаениот приказ. Промена на функција Можете да ги изберете функциите за Циркулација ( ), Функција за дување воздух ( ) или Греење ( ) со притиснување на копчето .
Поставување на брзината/температурата на вентилаторот Можете рачно да ја поставите брзината или температурата на вентилаторот со притиснување на копчето со стрелка ( / ) на далечинскиот управувач. Во функцијата за дување воздух/Циркулација, притиснете го копчето / за да ја прилагодите брзината на вентилаторот во опсег од 1 до 10. » Брзината на вентилаторот се прикажува на левиот дел од екранот. » Ако не извршите операција во рок од 3 секунди, апаратот се враќа на вообичаениот приказ.
Промена на режим Со притиснување на копчето , можете да изберете Автоматски режим, Режим на мирување или Режим управуван преку апликацијата. Забелешка: • Режимот управуван преку апликацијата е достапен САМО преку апликацијата откако успешно ќе се поврзете со Wi-Fi-мрежа. Автоматски ( ): апаратот автоматски ги прилагодува поставките за да обезбеди најдобри перформанси. Режим на мирување ( ): апаратот работи тивко со мала брзина. По 3 секунди, светлото на екранот се исклучува.
Поставување тајмер Со тајмерот, можете да го поставите апаратот да работи одреден број часови. Кога ќе измине поставеното време, апаратот автоматски ќе се исклучи. 1 Притиснете го копчето повеќе пати за да изберете колку часа сакате да работи апаратот . » Достапни се опциите: 0,5 ч., 1 ч., 4 ч. или 8 ч. 2 За да го деактивирате тајмерот, притиснете го копчето повеќе пати сè додека на екранот не се прикаже OFF (ИСКЛУЧЕНО).
Распоред на чистење Зачестеност Метод на чистење Кога е неопходно Избришете го пластичниот дел на апаратот со мека и сува крпа Исчистете го капакот на излезот за воздух Исчистете го сензорот за честички со правосмукалка или суво стапче со памучен врв. Секои два месеци На екранот се прикажува . Исчистете ја површината на филтерот Чистење на куќиштето на Air Performer Редовно чистете ги внатрешниот и надворешниот дел на Air Performer за да не се насобере прав.
Чистење на површината на филтерот Статус на индикаторот за предупредување за филтерот На екранот се прикажува предупредувањето за чистење на филтерот . 1 Дејство Исчистете ја површината на филтерот со правосмукалка. Исклучете го Air Performer и извлечете го приклучокот од штекер. 2 3 4 5 6 2 3 4 5 6 7 8 9 Повлечете го задниот капак и отстранете го од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот. Исчистете ја површината на филтерот со правосмукалка. Вратете го филтерот во апаратот.
Замена на филтерот Забелешка: • Филтерот не се пере и не е за повеќекратна употреба. • Пред да извршите замена на филтерот, не заборавајте да го исклучите Air Performer и да го извлечете приклучокот од ѕидниот штекер. Статус на индикаторот за предупредување за филтерот Дејство Предупредувањето за Заменете го филтерот замена на филтерот (FYM860) започнува да свети 1 Исклучете го Air Performer и извлечете го приклучокот од штекер.
Ресетирање на филтерот Филтерот можете да го замените дури и пред да се прикаже предупредувањето за замена на филтерот ( ) на екранот. Кога ќе го замените филтерот, потребно е рачно да го ресетирате бројачот за траење на филтерот. 1 Притиснете го копчето во траење од 3 секунди за да го исклучите апаратот и извадете го приклучокот од штекер. 2 2 3 3 Приклучете го апаратот во штекер.
2 1 3 Вметнете ја новата батерија CR2032 со точен поларитет како што е наведено. 4 Затворете го капакот на преградата за батерија и вртете го во насока на стрелките на часовникот за да го прицврстите. 6 Складирање 1 2 3 4 5 6 Исклучете го Air Performer и извадете го приклучокот од штекер. Исчистете го Air Performer, сензорот за честички и површината на филтерот (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“). Оставете сите делови потполно да се исушат на воздух пред да ги складирате.
Проблем Можно решение Квалитетот на воздух не се подобрува и покрај тоа што апаратот работи долго време. • • • • • • Проверете дали амбалажата е отстранета од филтерот. Проверете дали филтерот е поставен во апаратот. Исчистете го сензорот со правосмукалка или суво стапче со памучен врв. Просторијата е преголема или квалитетот на надворешниот воздух е слаб. За оптимални перформанси на пречистување, затворете ги вратите и прозорците кога работи апаратот. Постојат внатрешни извори на загадување.
Проблем Можно решение Функцијата за греење не работи. • • • • • Можам ли да ја исклучам функцијата Wi-Fi на мојот апарат? Проверете дали амбиенталната температура ја достигнала целната температура. Ако ја достигнала, греењето ќе престане. Проверете дали целната температура е пониска од амбиенталната температура. Ако е пониска, греењето ќе престане. Проверете дали е отстранета амбалажата на филтерот. Ако не е отстранета, функцијата за греење може да престане да работи заради заштита.
Проблем Нема проток на воздух или протокот на воздух е многу слаб од отворот за циркулација на воздух. Можно решение • • • • • • Поставувањето на Wi-Fi е неуспешно. • • • • • Проверете дали е вклучена функцијата за ладење/ греење на апаратот. Проверете да не има заглавени предмети околу отворот за циркулација на воздух.
© 2022 Philips Domestic Appliances Holding B.V. Сите права се задржани. AMF870_user manual_v1.