User Guide

Table Of Contents
21МК
Проблем Можнорешение
Квалитетот на
воздух не се
подобрува и
покрај тоа што
апаратот работи
долго време.
Проверете дали амбалажата е отстранета од филтерот.
Проверете дали филтерот е поставен во апаратот.
Исчистете го сензорот со правосмукалка или суво
стапче со памучен врв.
Просторијата е преголема или квалитетот на
надворешниот воздух е слаб. За оптимални
перформанси на пречистување, затворете ги вратите и
прозорците кога работи апаратот.
Постојат внатрешни извори на загадување. На пример
чад од цигари, пареа од готвење, темјан, парфем и
алкохол.
Филтерот е на крајот од работниот век. Заменете го
филтерот со нов.
Мојот апарат
не се исклучува
веднаш кога е во
режим на греење.
Ако апаратот работи во режим на греење кога ќе го
исклучите, тој продолжува да работи неколку секунди
за да ја испушти преостанатата топлина.
Апаратот испушта
необичен мирис.
При првите неколку употреби, апаратот може да
испушта мирис на пластика. Тоа е нормално.
Ако апаратот испушта мирис на изгорено, веднаш
извлечете го приклучокот од штекер. Контактирајте со
продавачот на производи од Philips или со овластен
сервисен центар на Philips.
Филтерот може да испушта непријатен мирис по
одреден период на користење поради апсорбирањето
на внатрешните гасови. Ви препорачуваме повторно
да го активирате филтерот така што ќе го ставите
на директна сончева светлина за повеќекратно
користење. Заменете го филтерот ако сè уште испушта
непријатен мирис.
Апаратот е
премногу гласен.
Нивото на бучава е повисоко ако изберете голема
брзина. Променете во режим со помала брзина.
Ако се слуша необичен звук, контактирајте со центарот
за корисничка поддршка во вашата земја.
Апаратот сè
уште покажува
дека треба да
го заменам
филтерот, но јас
веќе го сторив
тоа.
Можеби не сте го ресетирале бројачот за траење на
филтерот. Вклучете го апаратот. Потоа притиснете ги
копчињата и и задржете ги 3 секунди.