User Guide

Table Of Contents
1МК
1 Важно
Безбедност
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на
апаратот и зачувајте го за во иднина.
За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали вашиот Air
Performer е надграден со најновата верзија. Оваа надградба можете да ја
извршите преку апликацијата Air+.
Опасност
Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во
апаратот, за да избегнете електричен удар и/или опасност од
пожар.
За да избегнете прегревање и пожар, немојте да го покривате
уредот.
Предупредување
Некои делови од овој производ можат да станат многу жешки и може
да предизвикаат изгореници. Ако се присутни деца и ранливи лица, тие
треба постојано да се надгледуваат.
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица
со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности.
Децата помали од 3 години не смеат да се доближуваат до уредот, освен
ако не се под постојан надзор.
Децата не смеат да си играат со апаратот.
Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
Кога уредот работи во режим на греење, температурата на површината
постепено ќе се зголемува. Не допирајте го отворот за излез на воздух за
да не се изгорите.
За да се намали ризикот од пожар, чувајте ги текстилот, завесите,
постелнините или друг запалив материјал на минимално растојание од 1
m од отворот за излез на воздух. Немојте да го блокирате отворот за влез
или излез на воздух, на пр. со поставување предмети на отворот за излез на
воздух или пред отворот за влез на воздух.
Немојте да ставате прсти, стапчиња или други предмети во машината за да
спречите струјни удари, повреди или пожар.
Уредот има компонента за греење. Не користете го апаратот во близина
на плински апарати или камини.