User Guide

Table Of Contents
2 МК
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или
парфеми околу апаратот.
Не користете ако има видливи знаци на оштетување на уредот,
приклучокот или кабелот за напојување.
Немојте да го користите уредот ако ви паднал.
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени
компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или лица
со соодветни квалификации за да се избегне опасност
Внимание
За да избегнете опасности поради случајно ресетирање на заштитата од
прегревање, овој апарат не смеете да го приклучувате на надворешен
уред за прекинување на струјно коло, како што е прекинувачот со
тајмерска контрола, или на струјно коло што програмирано се вклучува и
исклучува.
Користете го исклучиво оригиналниот филтер од Philips, во спротивно
перформансите на филтрација нема да можат да се гарантираат.
Уредот не смее да се поставува директно под ѕиден штекер.
Приклучувајте го уредот само во ѕиден штекер, не користете
продолжителен кабел.
Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна и
хоризонтална површина.
Немојте да го користите апаратот во опкружувања со голема влажност,
како што се бања, тоалет, кујна, базен или во какво било надворешно
опкружување.
Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Немојте да го удирате
апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите,
исчистите и кога сакате да го замените филтерот или да извршите друг
вид на одржување.
Кога ќе го вклучите уредот, филтерот секогаш треба да биде поставен во
него.
Работниот температурен опсег на уредот (ta) е од 0 ° до 40 °C за
вентилаторот.
Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинства во нормални
услови на работа.
Ви препорачуваме да не го користите овој апарат кога пушите, или кога
користите димни средства против инсекти или палите темјан итн., затоа
што тоа ќе влијае врз перформансите на пречистување и врз векот на
траење на филтерот.
Уредот не отстранува јаглероден моноксид (CO) или радон (Rn). Тој не може
да се користи како безбедносен уред во случај на несреќи со процеси на
согорување и опасни хемикалии.