User manual

Капаче за чувствителни места
На главата за бричење можете да го ставите капачето за чувствителни
места за покомфорно депилирање на чувствителните места (на пример,
пазувите и препоните).
Капаче за лице
На главата за бричење можете да го ставите капачето за лице за прецизно
депилирање на влакната на лицето (на пример, над горната усна).
Не користете го уредот за депилирање на трепки, веѓи или коса.
Глава за бричење
Главата за бричење можете да ја користите за бричење на нозете и телото.
Забелешка: За полесно бричење под пазувите, уредот може да се движи во
две насоки.
Забелешка: Пред употреба, секогаш проверувајте ја мрежичката. Ако е
оштетена на каков било начин, веднаш заменете ја единицата за сечење
(видетеЗамена“).
Чешел за глава за бричење
За кратење на влакната до 3 mm, на главата за бричење можете да го
прикачите чешелот.
Глава за потстрижување
Можете да ја користите главата за потстрижување за да отстранувате
влакна од тешко достапни места во зоната на препоните.
За потстрижување (Сл. 16) поставете ја главата за потстрижување рамно на
кожата. За стилизирање и обликување (Сл. 17) поставете ја главата за
потстрижување под прав агол на кожата.
Чешел за глава за потстрижување
За потстрижување на влакната во областа на препоните до должина од 3
mm (Сл. 18) можете на главата за потстрижување да го прикачите чешелот.
Глава за масирање на тело
Главата за масирање на телото цврсто рамномерно ротира за да ги опушти
вашите мускули.
Забелешка: Главата за масирање на телото мора да ја ставите на
единицата за спојување пред да ја прикачите на рачката (Сл. 19).
Четка за ексфолијација на тело
Четката за ексфолијација на телото можете да ја користите за
отстранување мртви клетки од кожата.
Не користете ја на лицето четката за ексфолијација на телото.
Забелешка: Четката за ексфолијација на телото мора да ја ставите на
единицата за спојување пред да ја прикачите на рачката (Сл. 20).
Чистење и складирање
Чувајте го адаптерот сув.
1 За чистење на главата за депилирање, после секоја употреба (Сл. 21)
држете го уредот завртен надолу, вклучете го и 15 секунди плакнете го
со ладна вода.
2 За чистење на главата за бричење (ако е доставена): Користете ја
четкичката за чистење за да ги исчистите влакната што се насобрале
под секачите. Фатете ги двата секачи на единицата за сечење и
извлечете ја единицата за сечење од главата за бричење (Сл. 22).
Исчистете ги сите делови од главата за бричење со четкичката за
чистење, освен мрежичката.
Забелешка: За оптимално работење, секои шест недели подмачкувајте
ги запците и мрежичките на секачите со капка масло за машини за
шиење.
3 Исплакнете ги единицата за сечење, главите и додатоците под чешма.
Убаво истресете ги за да ги отстраните капките од вода.
4 Оставете сите делови целосно да се исушат.
5 Поставете ја единицата за сечење назад на главата за бричење („клик“).
6 Ставете капачиња за заштита или чешли на главите за да спречите
оштетување на главите кога ги складирате.
7 Чувајте го уредот, главите и додатоците во торбичката.
Забелешка: За оптимално работење, секои шест недели подмачкувајте ги
запците и мрежичките на секачите со капка масло за машини за шиење.
Замена
За да купите додатоци или резервни делови, посетете го
www.shop.philips.com/service или одете кај дистрибутер на Philips. Исто
така, можете да се јавите во Центарот за грижа за корисниците на Philips во
вашата држава (за детали за контакт погледнете во листот со светска
гаранција).
Глава за бричење (ако е доставена): За оптимална работа ве советуваме да
ја заменувате единицата за сечење од главата за бричење на секои две
години. Ако ја користите главата за бричење два или повеќе пати неделно,
заменувајте ја единицата за сечење почесто. Секогаш заменувајте ја
единицата за сечење со друга од оригинален тип (BRL384).
Четка за ексфолијација на тело (ако е доставена): Ако ја користите четката
за ексфолијација на тело 2-3 пати неделно, таа трае приближно 3 месеци.
Заменувајте ја четката за ексфолијација на тело на секои 3 месеци со друга
од оригинален тип (BRE351).
Решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми поврзани со уредот кои
може да се појават. Доколку не можете да го решите проблемот со помош
на информациите дадени подолу, посетете го www.philips.com/support и
погледнете ја листата со најчесто поставувани прашања или контактирајте
го Центарот за грижа за корисници во вашата земја.
Проблем Решение
Уредот не работи
толку добро колку
што треба.
Осигурете се дека го држите уредот под правилниот
агол (Сл. 12) и дека го движите полека преку кожата
спротивно на насоката на растење на влакната.
Чистете ги главите и додатоците после секоја
употреба.
По полнењето,
индикаторот за
батерија трепка
кога ќе го
притиснам копчето
за
вклучување/исклуч
ување, но уредот
не се вклучува.
Уредот е сè уште поврзан на електричната мрежа. Во
овој случај, индикаторот за батерија трепка за да ви
укаже дека треба да го исклучите уредот од
електричната мрежа пред да можете да го вклучите.
За време на
користењето,
уредот се
вжештува и
наеднаш
престанува да
работи. Потоа,
сијаличките за
брзина и
индикаторот за
батерија трепкаат
црвено 30 секунди.
Активирана е заштитата од прегревање. Заштитата
од прегревање автоматски го исклучува уредот ако
тој премногу се вжешти. За ресетирање на заштитата
од прегревање, оставете го уредот да се излади, а
потоа повторно вклучете го. За да избегнете
прегревање на уредот, не притискајте го премногу
силно на кожата.
Кожата ми е
иритирана по
користењето на
уредот.
Може да се појави блага иритација, како што е
црвеникава кожа или црвени точки. Тоа е нормално.
За да избегнете иритација на кожата, осигурете се
дека нежно го движите уредот спротивно на насоката
на растење на влакната. Не притискајте премногу.
Доколку иритацијата трае подолго од 3 дена, ве
советуваме да се консултирате со лекар.
Секогаш затегнувајте ја кожата со слободната рака.
Кога го користите уредот под мишките, кренете ја
раката и ставете ја дланката на тилот за да ја
затегнете кожата (Сл. 14).
Română
Introducere
Felicitări pentru achiziţie şi bun venit la Philips! Pentru a beneficia pe deplin
de asistenţa oferită de Philips, înregistraţi-vă produsul la
www.philips.com/welcome.
Descriere generală (Fig. 1)
1 Mâner
2 Indicatoare de viteză (I şi II)
3 Buton pornit/oprit
4 Indicator pentru baterie
5 Buton de decuplare
6 Mufă pentru conector mic
7 Cap de epilare
8 Lampă de iluminare integrată
9 Capac de masaj
10 Capac facial
11 Capac pentru zone sensibile
12 Capac dispozitiv de întindere a pielii
13 Capul de ras
14 Suprafaţă de ras
15 Dispozitive de tuns
16 Pieptene pentru capul de radere
17 Cap de tundere
18 Pieptene pentru capul de tundere
19 Unitate de cuplare
20 Cap de masaj corporal
21 Perie de exfoliere corporală
22 Capac de protecţie pentru peria de exfoliere corporală
23 Perie de curăţat
24 Adaptor (HQ8505; intrare: 100-240 V c.a.; 50/60 Hz; 9 W, ieşire: 15 V c.c.;
5,4 W)
25 Pensete cu lumină
Neafişat: Husă
Notă: Capetele şi accesoriile furnizate variază pentru numere de cod
diferite. Consultaţi ilustraţia de prezentare pentru a vedea care sunt
capetele şi accesoriile livrate împreună cu aparatul dvs.
Încărcare
Notă: Încărcaţi aparatul complet înainte de a-l utiliza prima dată.