User Guide

75
Македонски
-
Епидермално загревање (остро дефинирана кафена област што често се
јавува кај потемни тенови на кожата и не е придружена со сувост на
кожата): оваа реакција се јавува многу ретко. Во случај оваа реакција да
не исчезне во рок од 1 седмица, ве советуваме да се советувате со лекар.
Почекајте со следниот третман додека кожата целосно не заздрави и
проверете дали користите помал интензитет на светлина.
-
Плускавци (изгледаат како мали меурчиња на површината на кожата):
ова се случува многу ретко. Во случај оваа реакција да не исчезне во рок
од 1 месец или кога кожата ќе се зарази, ве советуваме да се советувате
со лекар. Почекајте со следниот третман додека кожата целосно не
заздрави и проверете дали користите помал интензитет на светлина.
-
Лузни: често, секундарен ефект на изгореници, што може да трае
подолго од еден месец за да се излечи.
-
Фоликулитис (оток околу фоликулите на влакната во комбинација со
формирање акни): оваа реакција се јавува многу ретко и е резултат на
продирањето на бактерии во оштетената кожа. Во случај да се појави
оваа реакција, ве советуваме да посетите лекар затоа што
фоликулитисот може да има потреба од антибиотска маст.
-
Болка: ова може да се случи за време на третманот или по него, ако го
користите уредот на кожа што не е без влакна, ако го користите уредот
со премногу висок интензитет на светлина за тенот на вашата кожа, ако
користите блиц во истата област повеќе од еднаш и ако го користите
уредот на отворени рани, воспаленија, инфекции, тетоважи, изгореници
итн.
Решавање проблеми
Проблем Можна причина Решение
Нормално е уредот и
адаптерот да станат
жешки (но не премногу
жешки за допир) за време
на употребата.
Користете го уредот во малку поладна
средина и/или оставете го да се излади пред
да продолжите со употребата.
Вентилаторот не работи. Проверете дали додатокот е добро поврзан.
Исчистете ги приклучоците на додатокот ако е
потребно. Во случај кога додатокот е добро
поврзан и е можно да се направат блицови со
уредот, контактирајте со Центарот за грижа за
потрошувачи во вашата земја, со
дистрибутерот на Philips или со сервисниот
центар на Philips.
Уредот/адаптерот
станува жежок за време
на употребата.
Протокот на ладење на
вентилаторот е блокиран
со раце или крпа.
Проверете дали протокот на воздух за ладење
е одблокиран.
Кога го ставам уредот
на кожата, тој не пушта
блиц. Светлото
„ПОДГОТВЕНО за блиц“
трепка портокалово.
Тенот на вашата кожа во
областа што треба да се
третира е премногу темен.
Третирајте ги другите области на телото со
посветол тен на кожата со Lumea.