User Guide

Table Of Contents
34
Македонски
2 Кога машината е исклучена: притиснете и задржете ја иконата за количество на кафе додека не се
вклучи светлото на оваа икона (Сл. 18).
3 Допрете ја иконата за количина за да ја изберете потребната температура: нормална, висока или
максимална.
-
Соодветно 1, 2 или 3 светла ќе се вклучат.
4 Кога ќе завршите со поставување на температурата на кафето, притиснете го копчето за
старт/стоп .
5 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите машината повторно.
Ако не ја исклучите машината вие, таа ќе се исклучи автоматски по некое време.
Машини со икона за температура (само EP3221)
1 Допирајте ја иконата за температура на кафето повторливо за да ја изберете саканата
температура.
Враќање на фабрички поставки
Машината ви нуди можност да ги вратите стандардните поставки за пијалаци во секој момент.
Може да ги вратите стандардните поставки само кога машината е исклучена.
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја исклучите машината.
2 Притиснете го и задржете ја иконата за еспресо 3 секунди.
-
Ќе се вклучат средните светла на иконите за поставки на пијалаци. Светлото за старт/стоп ќе
почне да пулсира, што означува дека поставките се подготвени за враќање.
3 Притиснете го копчето за старт/стоп за да потврдите дека сакате да ги вратите поставките.
4 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите машината повторно.
Приспособување на поставките за мелницата
Може да ја промените јачината на кафето со копчето за поставка на мелењето во садот за зрна.
Колку е пониска поставката за мелење, толку е пофино меленото кафе и толку појако ќе биде
кафето. Има 12 различни поставки за мелење од кои може да изберете.
Машината е поставена да го извлече најдобриот вкус од вашите зрна кафе. Затоа ве советуваме да не
ја поставувате поставката за мелење додека не сте свариле 100 до 150 филџани (приближно 1 месец
користење).
Поставките за мелење може да ги поставувате само кога машината ги меле зрната кафе. Треба да
сварите 2 или 3 пијалаци пред да може да ја вкусите разликата.
Не вртете го копчето за поставување на мелењето повеќе од еден зарез едновремено за да се
спречи оштетување на мелницата.
1 Ставете филџан под одводот за распрскување кафе.
2 Отворете го капакот на резервоарот за зрна кафе.
3 Допрете ја иконата за еспресо, а потоа притиснете на копчето за старт/стоп .
4 Кога мелницата ќе почне да меле, притиснете го копчето за поставка на мелењето и свртете го
налево или надесно. (Сл. 19)
Деактивирање на звучните сигнали на контролната табла
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја исклучите машината.