User Guide

Table Of Contents
35
Македонски
Македонски
2 Кога машината е исклучена, допрете и задржете ја иконата за кафе (долго еспресо за EP3221)
додека не се вклучи светлото на иконата. Светлото за старт почнува да трепка.
3 Повторно допрете ја иконата за кафе за да ги деактивирате звучните сигнали на контролната
табла. Светлото на иконата за кафе ќе се исклучи.
4 Притиснете го копчето за старт/стоп за да го потврдите изборот.
5 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите машината повторно.
Звучните сигнали на контролната табла сега се деактивирани.
Забелешка: ако светлото на иконата за кафе не се вклучи по допирање и задржување на иконата, тоа
значи дека звучните сигнали на машината веќе биле деактивирани. За да ги активирате повторно,
допрете ја иконата повторно и потврдете со притискање на копчето за старт/стоп.
Титкањата на копчето за вклучување/исклучување и копчето за старт/стоп не може да се
деактивираат.
Отстранување и вметнување на групата за
варење
Одете на www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства за начинот на отстранување,
вметнување и чистење на групата за варење.
Отстранување на групата за варење од машината
1 Исклучете ја машината.
2 Извадете го резервоарот за вода и отворете ја сервисната врата (Сл. 20).
3 Притиснете ја рачката (Сл. 21) PUSH и повлечете го држачот на групата за варење за да ја извадите
од машината (Сл. 22).
Повторно вметнување на групата за варење
Пред да ја вратите групата за варење назад во машината, осигурете се дека е во точната положба.
1 Проверете дали групата за варење е во точната положба. Стрелката на жолтиот цилиндар на
страната од групата за варење мора да биде порамнета со црната стрелка и N (Сл. 23)
-
Ако не се порамнети, притиснете ја рачката додека не дојде во контакт со основата од групата
(Сл. 24) за варење.
2 Вратете ја групата за варење назад во машината со лизгање долж водечките шини на страните
(Сл. 25) додека не се заклучи во положба со кликнување (Сл. 26). Не притискајте го копчето PUSH.
3 Затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода.
Чистење и одржување
Редовното чистење и одржување ја одржува вашата машина во одлична состојба и обезбедува кафе
со добар вкус долго време и со стабилен проток на кафе.
Погледнете ја табелата подолу за детален опис на времето и начинот на чистење на сите делови од
машината што се вадат. Може да најдете подетални информации и видео упатства на
www.philips.com/coffee-care. Погледнете ја сликата D за преглед на деловите што може да се чистат
во машина за миење садови.