User Guide

Table Of Contents
38
Македонски
1 Ставете филџан под апаратот за млечна пена.
2 Допрете ја иконата за пареа, а потоа притиснете го копчето старт/стоп за да започне
распрскување на пареата и да го отстраните млекото што можеби преостанало во апаратот за
млечна пена.
3 За да сопре распрснувањето на пареата по неколку секунди, притиснете го копчето за старт/стоп
повторно.
4 Чистете го апаратот за млечна пена само со влажна крпа.
Дневно чистење на класичниот апарат за млечна пена
1 Оставете го апаратот за млечна пена да се олади потполно.
2 Навалете го налево (Сл. 36) апаратот за млечна пена и отстранете го металниот и силиконскиот
дел (Сл. 37).
3 Расклопете ги двата дела (Сл. 38) и исплакнете ги со свежа вода и исчистете ги во машина за
садови. Погрижете се малата дупка на металната цевка (Сл. 39) да биде целосно чиста и да не е
затната со остатоци од млеко.
4 Повторно составете ги двата дела од апаратот за млечна пена и повторно прикачете го на
машината.
Филтер за вода AquaClean
На вашата машина е овозможен AquaClean. Можете да го поставите филтерот за вода AquaClean во
резервоарот за вода за да го зачувате вкусот на вашето кафе. Тоа исто така ја намалува потребата за
чистење бигор поради намалување на наслагите на бигор во вашата машина. Можете да купите
филтер за вода AquaClean од вашиот локален малопродажник, од овластените сервисни центри или
онлајн на www.philips.com/parts-and-accessories.
Икона и светло за AquaClean
Вашата машина е опремена со светло (Сл. 40) за филтерот AquaClean што го означува статусот на
филтерот. Во табелата подолу може да ги видите дејствата што се потребни кога ќе се вклучи или
кога трепка светлото.
Кога ја користите машината прв пат, светлото за AquaClean започнува да трепка
портокалово. Ова означува дека може да започнете со користење на филтерот за
вода AquaClean. Ако не активирате филтер за вода AquaClean, светлото ќе се
исклучи автоматски по некое време.
Откако ќе инсталирате филтер и ќе го активирате со иконата AquaClean, светлото
за AquaClean ќе свети сино за да потврди дека филтерот за вода AquaClean е
активен.
Кога ќе се истроши филтерот, светлото за AquaClean започнува повторно да
трепка портокалово за да ве потсети да го замените филтерот со нов.
Кога ќе се исклучи портокаловото светло за AquaClean, сѐ уште можете да
активирате филтер AquaClean, но ќе треба прво да ја исчистите машината од
бигор.