User Guide

Table Of Contents
43
Македонски
Македонски
Икона за
предупред
ување
Решение
Светлото за аларм се вклучува и светлото за старт почнува да трепка.
Заробен е воздух во машината. За да го ослободите воздухот од машината,
наполнете го резервоарот за вода со вода, ставете филџан под класичниот апарат
за млечна пена и притиснете го копчето старт/стоп што трепка.
Внимавајте: мали млазови врела вода ќе се распрскаат од класичниот апарат за
млечна пена за да се ослободи воздухот.
Светлото за AquaClean трепка: ставете или заменете го филтерот за вода AquaClean
и активирајте го. Погледнете го поглавјето „Филтер за вода AquaClean“ за упатства
чекор по чекор.
Светлото за чистење бигор трепка бавно: Отстранете бигор од машината.
Светлата на темните икони се вклучуваат и исклучуваат една по една.
Машината се загрева и/или се обидува да го испушти воздухот што е повлечен во
неа. Почекајте додека сите икони на пијалаците не почнат да светат постојано.
Светлата на сите икони за предупредување трепкаат.
Ресетирајте ја машината со исклучување и повторно приклучување во штекер. Пред
повторно да ја вклучите машината, следете ги овие чекори:
- Извадете го филтерот за вода AquaClean од резервоарот за вода.
- Ставете го резервоарот за вода на своето место. Вметнете го во машината што е
можно подлабоко за да се осигурите дека е во точната положба.
- Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и проверете дали
е затнат со прав од кафе. За да го исчистите, вметнете рачка од лажица во
преградата за претходно мелено кафе и движете ја рачката нагоре и надолу
додека не испадне заглавеното мелено кафе (Сл. 27). Извадете ја групата за
варење и отстранете го целото мелено кафе што испаднало. Вратете ја чистата
група за варење на место.
- Повторно вклучете ја машината.
Ако проблемот се реши, значи дека филтерот AquaClean не бил подготвен
соодветно. Подгответе го филтерот AquaClean пред повторно да го вметнете со
следење на чекорите 1 и 2 во поглавјето „Активирање на филтерот за вода
AquaClean (5 мин.)“.
Ако светлата и понатаму трепкаат, можно е машината да се прегреала. Исклучете ја
машината, почекајте 30 минути, а потоа повторно вклучете ја. Ако светлата и
понатаму трепкаат, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата
држава. За деталите за контакт, погледнете го меѓународниот гарантен лист.
Табела за решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. Видеата за
поддршка и целосниот список со често поставуваните прашања се достапни на
www.philips.com/coffee-care. Ако не можете да го решите проблемот, контактирајте со Центарот за
грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.