User Guide

Table Of Contents
39
Македонски
Македонски
Подмачкување на групата за варење
За да ги подобрите перформансите на машината, препорачуваме да ја подмачкувате групата за
варење на секои 2 месеци за да се осигури дека подвижните делови ќе продолжат со непречено
функционирање.
1 Нанесете тенок слој маст на клипот (сивиот дел) од групата за варење (Сл. 38).
2 Нанесете тенок слој маст околу оската (сивиот дел) на дното од групата (Сл. 39) за варење.
3 Нанесете тенок слој маст на водечките шини од двете страни (Сл. 40).
Чистење на LatteGo (садот за млеко) (само одредени
типови)
Брзо чистење на LatteGo
1 LatteGo треба да е правилно прикачен за машината (Сл. 10).
2 Ставете филџан под одводот.
3 Допрете на иконата Чисти и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да ја изберете
програмата „Quick milk clean“ (Брзо чистење од млеко).
4 Допрете ја иконата OK за да потврдите, а потоа следете ги упатствата на екранот за да го
отстраните млекото што можеби преостанало во системот за млеко.
-
Системот за млеко ќе распрска мали млазови врела вода.
5 Складирајте го LatteGo со преостанатото млеко во фрижидер.
Темелно чистење на LatteGo
1 Отстранете го LatteGo од машината (Сл. 41).
2 Истурете го преостанатото млеко.
3 Притиснете го копчето за отпуштање и отстранете го садот за млеко од рамката на LatteGo (Сл.
42).
4 Исчистете ги сите делови во машина за садови или под чешма со млака вода и малку течност за
перење.
Чистење на класичниот апарат за млечна пена (само
одредени типови)
Брзо чистење на класичниот апарат за млечна пена
1 Класичниот апарат за млечна пена треба да е правилно прикачен за машината (Сл. 13).
2 Ставете филџан под одводот.
3 Допрете на иконата Чисти и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да ја изберете
програмата „Quick milk clean“ (Брзо чистење од млеко).
4 Допрете ја иконата OK за да потврдите, а потоа следете ги упатствата на екранот за да го
отстраните млекото што можеби преостанало во апаратот за млечна пена.
-
Системот за млеко ќе распрска мали млазови врела вода.
5 Чистете го апаратот за млечна пена само со влажна крпа.
Дневно чистење на класичниот апарат за млечна пена
1 Оставете го апаратот за млечна пена да се олади потполно.
2 Навалете го налево апаратот за млечна пена и отстранете го металниот и силиконскиот дел (Сл.
43).
3 Расклопете ги трите делови (Сл. 44) и исплакнете ги со свежа вода и исчистете ги во машина за
садови.