HD920X Упатство за користење
МАКЕДОНСКИ СОДРЖИНА Важно 3 Општ опис 7 Вовед Пред првото користење Подготовка за употреба Користење на апаратот Табела за храна Пржење со врел воздух Подготвување домашен помфрит 7 8 8 8 8 11 14 Чистење 15 Складирање 17 Гаранција и поддршка 17 Табела за чистење Рециклирање Отстранување на проблеми 17 17 18
МАКЕДОНСКИ 3 Важно Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина. Опасност - Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во допир со грејните елементи. Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот. Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да предизвика пожар. Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја друга течност и не плакнете го под чешма.
МАКЕДОНСКИ - - - - Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со засебен систем за далечинско управување. Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот. Апаратот употребувајте го исклучиво за намените опишани во упатството за користење. За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа.
МАКЕДОНСКИ - - - 5 обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена. Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета. Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и хоризонтална површина.
МАКЕДОНСКИ 6 11 10 1 9 2 3 4 5 8 6 7
МАКЕДОНСКИ 7 Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/ welcome. Airfryer од Philips е единствениот Airfryer со уникатна технологија Rapid Air за пржење на вашата омилена храна со малку или без масло и до 90 % помалку масти. Технологијата Rapid Air на Philips овозможува рамномерно готвење на храната, а ѕвездестиот облик нуди совршени резултати од првиот до последниот залак.
МАКЕДОНСКИ Пред првото користење 1 Отстранете ја целата амбалажа. 2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има) од апаратот. 3 Исчистете го апаратот темелно пред првото користење, како што е наведено во поглавјето за чистење. Подготовка за употреба 1 Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина којашто е отпорна на топлина. Забелешка • Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
МАКЕДОНСКИ Состојки Мин. – макс. количина Time (Време) (мин.
МАКЕДОНСКИ Мин. – макс. количина Time (Време) (мин.
МАКЕДОНСКИ 11 Пржење со врел воздух Внимание • Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да ја полните тавата со масло, маст за пржење или друга течност. • Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со врелата тава. • Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства. • Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е нормално. • Не е потребно претходно загревање на апаратот.
МАКЕДОНСКИ 4 Вратете ја тавата со корпата во Airfryer. Внимание • Никогаш не користете ја тавата без корпата во неа. • Не допирајте ја тавата или корпата за време на користењето и одредено време по употребата, бидејќи се многу жешки. 5 Завртете го регулаторот за температура на потребната температура. 6 Завртете го регулаторот за тајмерот на потребното време за готвење за да го вклучите апаратот. Забелешка • Погледнете ја табелата за храна со основни поставки за готвење на различни видови храна.
МАКЕДОНСКИ 13 7 Кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот, времето на готвење изминало. Забелешка • Можете и рачно да го исклучите апаратот. За да го сторите тоа, завртете го регулаторот за тајмерот на 0 (во спротивна насока од стрелките на часовникот); за ова е потребна малку поголема сила отколку за вртење во насока на стрелките на часовникот. 8 Извлечете ја тавата и проверете дали состојките се готови. Внимание • Тавата на Airfryer е жешка по процесот на готвење.
МАКЕДОНСКИ 10 Истурете ја храната од корпата во сад или на чинија. Секогаш отстранувајте ја корпата од тавата за да ја истурите храната бидејќи на дното од тавата може да има врело масло. Забелешка • За да отстраните големи или кршливи состојки, користете штипалка за да ги подигнете состојките. • На дното од тавата се собира вишокот масло или маста од состојките.
МАКЕДОНСКИ 15 Забелешка • Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња во корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата. 6 Ставете ги стапчињата во корпата. 7 Пржете ги стапчињата од компир и протресете ја корпата 2-3 пати за време на готвењето. Чистење Предупредување • Почекајте корпата, тавата и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење. • Тавата, корпата и внатрешноста на апаратот се обложени со нелеплив слој.
МАКЕДОНСКИ Совет • Ако остатоци од храна се залепат на тавата или корпата, можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10–15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на тавата или корпата и не сте можеле да ги отстраните со врела вода и течност за миење садови, користете течен одмастувач.
МАКЕДОНСКИ 17 Табела за чистење Складирање 1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. 2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате. Забелешка • Секогаш држете го апаратот Airfryer хоризонтално кога го носите. Не заборавајте да ја држите тавата и за предниот дел од апаратот бидејќи тавата со корпата може да испадне од апаратот ако случајно ја навалите надолу. Тоа може да предизвика оштетување на овие делови.
МАКЕДОНСКИ Отстранување на проблеми Во оваа глава се опишани најчестите проблеми со коишто може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Проблем Можна причина Решение Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата.
МАКЕДОНСКИ 19 Проблем Можна причина Решение Во штекерот се приклучени повеќе апарати. Апаратот Airfryer има голема моќност. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите. Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer. Во тавата на Airfryer може да се појават мали дамки поради случајни допири или гребење на површината (на пример, при чистење со груби алати за чистење и/или при вметнување на корпата). Од апаратот излегува бел чад. Готвите масни состојки.
© 2022 Philips Domestic Appliances Holding B.V. Сите права се задржани.