User Guide

12 МАКЕДОНСКИ
4 Вратете ја тавата со корпата во Airfryer.
Внимание
Никогаш не користете ја тавата без корпата во неа.
Не допирајте ја тавата или корпата за време на користењето и
одредено време по употребата, бидејќи се многу жешки.
5 Завртете го регулаторот за температура на потребната
температура.
6 Завртете го регулаторот за тајмерот на потребното
време за готвење за да го вклучите апаратот.
Забелешка
Погледнете ја табелата за храна со основни поставки за готвење
на различни видови храна.
Совет
За време на готвењето, ако треба да ја промените температурата
или времето на готвење, завртете ги тркалцата за контрола на
потребната поставка.
Забелешка
Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина
од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да ги
протресете состојките, извлечете ја тавата со корпата, ставете ја
на работна површина отпорна на топлина, турнете го капакот и
притиснете го копчето за отпуштање на корпата за да ја извадите
корпата и протресете ја корпата над мијалникот. Потоа ставете ја
корпата во тавата и вратете ги во апаратот.
Ако го поставите тајмерот на половина од времето на готвење и
го слушнете ѕвончето на тајмерот, време е да ги протресете или
превртите состојките. Не заборавајте да го ресетирате тајмерот
на преостанатото време на готвење.