User Guide

Табела за чистење
Складирање
1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се
олади.
2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги
складирате.
Забелешка
Секогаш држете го апаратот Airfryer хоризонтално кога го носите.
Не заборавајте да ја држите тавата и за предниот дел од апаратот
бидејќи тавата со корпата може да испадне од апаратот ако
случајно ја навалите надолу. Тоа може да предизвика оштетување
на овие делови.
Секогаш проверувајте дали отстранливите делови на Airfryer се
прицврстени пред да го носите и/или складирате.
Рециклирање
- Овој симбол означува дека производот не треба да се
фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU).
- Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно
собирање на електричните и електронските производи.
Правилното фрлање помага во спречувањето на
негативните последици по животната средина и
човековото здравје.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете
ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го
посебниот меѓународен гарантен лист.
17МАКЕДОНСКИ