User Guide

5МАКЕДОНСКИ
обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно
гаранцијата ќе биде поништена.
- Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за
професионални или полупрофесионални цели или ако не
се користи во согласност со упатствата во прирачникот за
корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема
да прифати одговорност за настанатата штета.
- Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува,
стабилна, рамна и хоризонтална површина.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по
користењето.
- Оставете го апаратот да се олади прибл. 30 минути пред да
ракувате со него или да го чистите.
- Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да
бидат златножолти, а не темни или кафени. Отстранете
ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на
температура поголема од 180 °C (за да создавањето на
акриламид се сведе на минимум).
- Бидете внимателни кога го чистите горниот дел на
комората за пржење: жежок греен елемент, раб на
металните делови.
- Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во
апаратот Airfryer.
- Погрижете се секогаш да имате контрола над вашиот
Airfryer.
- Кога пржите мрсна храна, апаратот Airfryer може да
испушта дим.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите важечки
стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на
електромагнетни полиња.