Important Information Manual

МАКЕДОНСКИ
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да целосно ја искористите поддршката што ја
нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да
го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Немојте никогаш да го потопувате
апаратот во вода ниту да го плакнете под
чешма.
- За да спречите струен удар, внимавајте
да не навлезе вода или друга течност во
апаратот.
- Состојките за пржење секогаш ставајте
ги во корпата за да не дојдат во допир со
грејните елементи.
- Немојте да ги покривате отворите за
влез и излез на воздух додека работи
апаратот.
- Немојте да ја полните тавата со масло
бидејќи тоа може да предизвика пожар.
- Немојте да го користите апаратот ако
е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
- Никогаш немојте да ја допирате
внатрешноста на апаратот додека
работи.
- Никогаш немојте да ставате количина на
храна што го надминува максималното
ниво означено во корпата.
- Секогаш проверувајте дали грејачот е
слободен и дали има заглавено храна во
грејачот.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот
за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или
други лица со слични квалификации за да
се избегне опасност.
- Апаратот приклучувајте го само во
заземјен ѕиден штекер. Секогаш
проверувајте дали приклучокот правилно
сте го вметнале во штекерот.
- Овој апарат не е наменет за употреба
со надворешен тајмер или со засебен
систем за далечинско управување.
- Површините што се допираат може да
станат врели додека работи апаратот.
(Сл. 1)
- Овој апарат може да го користат
деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или
ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под
услов да се под надзор или да добиле
упатства за безбедно користење на
апаратот и да ги разбираат можните
опасности. Децата не смеат да си играат
со апаратот. Чистење и корисничко
одржување смеат да вршат деца постари
од 8 години под надзор на возрасно
лице.
- Апаратот и кабелот држете ги подалеку
од дофат на деца помлади од 8 години.
- Немојте да го потпирате апаратот на ѕид
или на други апарати. Оставете најмалку
10 cm слободен простор од задната
страна, од двете бочни страни и над
апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
- За време на пржењето со врел воздух,
од отворите за излез на воздух се
ослободува врела пареа. Држете ги
рацете и лицето на безбедно растојание
од пареата и од отворите за излез на
воздух. Исто така, внимавајте на врелата
пареа и воздухот кога ја вадите тавата од
апаратот.
- Никогаш не користете лесни состојки или
хартија за пакување.
- Површините што се допираат може да
станат врели додека работи апаратот.
- Складирање компири: температурата
мора да биде соодветна на складираната
сорта компир и мора да биде над 6°C за
да се минимизира ризикот од изложеност
на акриламид во подготвената храна.
- Немојте да го поставувате апаратот на
или близу до жежок плински шпорет, кој
било електричен шпорет и електрични
грејни плочи или во загреана рерна.
- Никогаш немојте да ја полните тавата со
масло.
- Апаратот е предвиден за употреба при
амбиентални температури помеѓу 5°C и
40°C.
- Пред да го вклучите апаратот, проверете
дали напонот наведен на апаратот
одговара на напонот на локалната
електрична мрежа.
- Кабелот за напојување држете го
подалеку од жешки површини.
- Немојте да го поставувате апаратот на
или близу до запаливи материјали како
што се чаршаф или завеса.
- Апаратот употребувајте го исклучиво за
намените опишани во овој прирачник и
користете само оригинални додатоци.
- Не оставајте апаратот да работи без
надзор.
- Тавата, корпата и собирачот на
маснотии стануваат врели во текот на
и по користењето на апаратот, секогаш
ракувајте со нив внимателно.
- Пред првото користење на апаратот
темелно исчистете ги деловите кои
доаѓаат во допир со храната. Погледнете
ги упатствата во прирачникот.
- Бидејќи храната има различно потекло,
големина и бренд, погрижете се да е
соодветно зготвена пред да ја послужите.
Внимание
- Овој апарат е наменет само за
стандардна употреба во домаќинства. Не
е наменет за употреба во опкружувања
како што се кујни за персонал во
продавници, канцеларии, фарми или
други работни опкружувања. Не е
наменет ниту за употреба од клиенти во
хотели, мотели, угостителски објекти кои
нудат ноќевање и појадок и други видови
сместување.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
напојувањето ако го оставате без надзор,
како и пред склопување, расклопување,
складирање или чистење.
- Немојте веднаш да го допирате
прекинувачот при отстранување од
жешкиот уред.
- Поставете го апаратот на хоризонтална,
рамна и стабилна површина.
- Ако апаратот се користи неправилно,
ако се користи за професионални или
полупрофесионални цели или ако не се
користи во согласност со упатствата во
прирачникот за корисници, гаранцијата
ќе биде поништена и Philips нема да
прифати одговорност за настанатата
штета.
- Секогаш доставувајте го апаратот во
овластен сервисен центар на Philips за
испитување или поправка. Не обидувајте
се сами да го поправате апаратот,
во спротивно гаранцијата ќе биде
поништена.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
штекер по користењето.
1 2
www.philips.com
3000 053 13441 A
Specications are subject to change
without notice.
©2020 Koninklijke Philips N.V.
All rights reserved.

Summary of content (2 pages)