HD925X Упатство за користење
МАКЕДОНСКИ СОДРЖИНА Важно 3 Општ опис 7 Вовед Пред првото користење Подготовка за употреба Користење на апаратот Табела за храна Пржење со врел воздух Избирање на режимот за одржување топлина Готвење со однапред поставена опција Промена на друга однапред поставена опција Подготвување домашен помфрит 7 9 9 9 9 11 15 16 18 19 Чистење 20 Складирање 22 Гаранција и поддршка 22 Табела за чистење Рециклирање Отстранување на проблеми 21 22
МАКЕДОНСКИ 3 Важно Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина. Опасност - Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете под чешма. - За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот. - Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во допир со грејните елементи. - Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот.
МАКЕДОНСКИ - Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно лице.
МАКЕДОНСКИ 5 - Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа. - Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини. - Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи материјали како што се чаршаф или завеса. - Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во овој прирачник и користете само оригинални додатоци од Philips. - Не оставајте апаратот да работи без надзор.
МАКЕДОНСКИ - - - и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета. Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете го во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена. Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето. Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате со него или да го чистите.
МАКЕДОНСКИ 7 Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/ welcome. Airfryer од Philips е единствениот Airfryer со уникатна технологија Rapid Air за пржење на вашата омилена храна со малку или без масло и до 90 % помалку масти. Технологијата Rapid Air на Philips овозможува рамномерно готвење на храната, а ѕвездестиот облик нуди совршени резултати од првиот до последниот залак.
МАКЕДОНСКИ J I A B C H G F E D 1 2 3 4 8 7 5 6
МАКЕДОНСКИ 9 Пред првото користење 1 Отстранете ја целата амбалажа. 2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има) од апаратот. 3 Исчистете го апаратот темелно пред првото користење, како што е наведено во поглавјето за чистење. Подготовка за употреба 1 Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина којашто е отпорна на топлина. Забелешка • Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
МАКЕДОНСКИ Состојки Мин. – макс. количина Time (Време) Температура (мин.
МАКЕДОНСКИ 11 Состојки Мин. – макс. количина Мешан зеленчук (крупно исечкан) 200-600 g/ 7-21 oz Time (Време) Температура (мин.
МАКЕДОНСКИ 1 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер. 2 Извадете ја тавата со корпата од апаратот со повлекување на рачката. 3 Ставете ги состојките во корпата. Забелешка • Во апаратот Airfryer може подготвувате различни состојки. Погледнете ги точните количини и приближното време на готвење во „Табелата за храна“. • Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела за храна“ или да ја преполнувате корпата над ознаката „MAX“ бидејќи тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат.
МАКЕДОНСКИ 13 6 Притиснете го копчето за зголемување или намалување на температурата за да ја изберете потребната температура. 7 Притиснете го копчето за зголемување на времето за да го изберете потребното време. 8 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го започнете процесот на готвење. Забелешка • За време на готвењето, температурата и времето се прикажуваат наизменично. • Последната минута готвење се одбројува во секунди.
МАКЕДОНСКИ Забелешка • Ако не го поставите потребното време на готвење во траење од 30 минути, апаратот автоматски ќе се исклучи од безбедносни причини. • Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од времето на готвење (видете „Табела за храна“).
МАКЕДОНСКИ 15 12 Истурете ја храната од корпата во сад или на чинија. Секогаш отстранувајте ја корпата од тавата за да ја истурите храната бидејќи на дното од тавата може да има врело масло. Забелешка • За да отстраните големи или кршливи состојки, користете штипалка за да ги подигнете состојките. • На дното од тавата се собира вишокот масло или маста од состојките.
МАКЕДОНСКИ 3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го стартувате режимот за одржување топлина. Забелешка • Тајмерот на режимот за одржување топлина е поставен на 30 минути. За да го промените времето на одржување топлина (1 - 30 минути), притиснете го копчето за намалување на времето. Времето ќе се потврди автоматски. • Температурата не може да се промени во режимот за одржување топлина. 4 За да го паузирате режимот за одржување топлина, притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
МАКЕДОНСКИ 17 3 Започнете го процесот на готвење со притиснување на копчето за вклучување/исклучување. Забелешка • Во следната табела може да најдете повеќе информации за однапред поставените опции. Однапред поставена опција Однапред поставено време (мин.) Однапред поставена температура Тежина (макс.
МАКЕДОНСКИ Однапред поставена опција Мафини Месни котлети Мешан зеленчук Одржување топлина Однапред поставено време (мин.) Однапред поставена температура Тежина (макс.
МАКЕДОНСКИ 19 4 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го започнете процесот на готвење. Подготвување домашен помфрит За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer: - Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи, (малку) брашнести компири. - Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во количини до 500 g/18 oz за рамномерен резултат. Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од помалиот помфрит.
МАКЕДОНСКИ Чистење Предупредување • Почекајте корпата, тавата и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење. • Тавата, корпата и внатрешноста на апаратот се обложени со нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој. Исчистете го апаратот по секоја употреба. Отстранете ги маслото и маста од дното на тавата по секоја употреба.
МАКЕДОНСКИ 21 4 Избришете ја надворешноста на апаратот со влажна крпа. Забелешка • Контролната табла треба да биде целосно сува. Избришете ја контролната табла со крпа откако ќе ја исчистите. 5 Исчистете го грејниот елемент со четка за чистење за да ги отстраните сите остатоци од храна. 6 Исчистете ја внатрешноста на апаратот со врела вода и неабразивен сунѓер.
МАКЕДОНСКИ Складирање 1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. 2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате. Забелешка • Секогаш држете го апаратот Airfryer хоризонтално кога го носите. Не заборавајте да ја држите тавата и за предниот дел од апаратот бидејќи тавата со корпата може да испадне од апаратот ако случајно ја навалите надолу. Тоа може да предизвика оштетување на овие делови.
МАКЕДОНСКИ 23 Проблем Можна причина Решение Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата. Топлината од внатрешноста се шири кон надворешните ѕидови. Тоа е нормално. Рачките и копчињата коишто ги допирате за време на употребата нема да бидат топли на допир. Тавата, корпата и внатрешноста на апаратот секогаш се вжештуваат кога апаратот е вклучен за да може храната соодветно да се зготви. Овие делови се секогаш врели на допир.
МАКЕДОНСКИ Проблем Можна причина Решение Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer. Во тавата на Airfryer може да се појават мали дамки поради случајни допири или гребење на површината (на пример, при чистење со груби алати за чистење и/или при вметнување на корпата). Можете да спречите оштетување со правилно спуштање на корпата во тавата.
© 2022 Philips Domestic Appliances Holding B.V. Сите права се задржани.