User Guide

12 МАКЕДОНСКИ
1 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер.
2 Извадете ја тавата со корпата од апаратот со
повлекување на рачката.
3 Ставете ги состојките во корпата.
Забелешка
Во апаратот Airfryer може подготвувате различни состојки.
Погледнете ги точните количини и приближното време на
готвење во „Табелата за храна“.
Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела
за храна“ или да ја преполнувате корпата над ознаката „MAX“
бидејќи тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат.
Ако сакате да подготвувате различни состојки истовремено,
проверете го предложеното време на готвење потребно за
различните состојки пред да почнете да ги готвите истовремено.
4 Вратете ја тавата со корпата во Airfryer.
Внимание
Никогаш не користете ја тавата без корпата во неа.
Не допирајте ја тавата или корпата за време на користењето и
одредено време по употребата, бидејќи се многу жешки.
5 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за
да го вклучите апаратот.