User Guide

13МАКЕДОНСКИ
6 Притиснете го копчето за зголемување или намалување
на температурата за да ја изберете потребната
температура.
7 Притиснете го копчето за зголемување на времето за да
го изберете потребното време.
8 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за
да го започнете процесот на готвење.
Забелешка
За време на готвењето, температурата и времето се прикажуваат
наизменично.
Последната минута готвење се одбројува во секунди.
Погледнете ја табелата за храна со основни поставки за готвење
на различни видови храна.
Совет
За време на готвењето, ако сакате да го промените времето или
температурата на готвење, може да го притиснете соодветното
копче за зголемување или намалување во секое време.
За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го копчето
за вклучување/исклучување. За да го продолжите процесот
на готвење, повторно притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
Уредот автоматски преминува во режим на пауза кога ќе ги
извадите тавата и корпата. Процесот на готвење продолжува кога
тавата и корпата повторно ќе се стават во апаратот.
За да ја промените единицата за температура од Целзиусови
во Фаренхајтови степени или обратно на вашиот Airfryer,
истовремено притиснете го копчето за зголемување и
намалување на температурата приближно 10 секунди.