User Guide

15МАКЕДОНСКИ
12 Истурете ја храната од корпата во сад или на чинија.
Секогаш отстранувајте ја корпата од тавата за да ја
истурите храната бидејќи на дното од тавата може да
има врело масло.
Забелешка
За да отстраните големи или кршливи состојки, користете
штипалка за да ги подигнете состојките.
На дното од тавата се собира вишокот масло или маста од
состојките.
Во зависност од видот на состојките што ги готвите, можеби ќе
сакате внимателно да го истурите вишокот масло или маста од
тавата по секоја количина, или пред да ја протресете или
повторно да ја ставите корпата во тавата. Ставете ја корпата на
површина отпорна на топлина. Носете заштитни ракавици за да
го истурите вишокот масло или маста од храната. Вратете ја
корпата во тавата.
Кога една количина состојки е подготвена, Airfryer е веднаш
подготвен за подготовка на друга количина.
Забелешка
Повторете ги чекорите од 3 до 12 ако сакате да подготвите друга
количина.
Избирање на режимот за одржување топлина
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за
да го вклучите Airfryer.
2 Притиснете го копчето за мени додека трепка иконата
за одржување топлина.