User Guide
Table Of Contents
16 МАКЕДОНСКИ
3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за
да го стартувате режимот за одржување топлина.
Забелешка
• Тајмерот на режимот за одржување топлина е поставен на 30
минути. За да го промените времето на одржување топлина (1
- 30 минути), притиснете го копчето за намалување на времето.
Времето ќе се потврди автоматски.
• Температурата не може да се промени во режимот за одржување
топлина.
4 За да го паузирате режимот за одржување топлина,
притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
За да го продолжите режимот за одржување топлина,
повторно притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
5 За да излезете од режимот за одржување топлина,
долго притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
Совет
• Ако помфритот изгуби голем дел од крцкавоста за време
на режимот за одржување топлина, скратете го времето на
одржување топлина така што ќе го исклучите апаратот порано
или пржете ги 2-3 минути на температура од 180 °C/350 °F.
Забелешка
• За време на режимот за одржување топлина, вентилаторот и
грејачот во апаратот се вклучуваат повремено.
• Режимот за одржување топлина е наменет да ја одржува
топлината на вашата храна веднаш по готвењето во Airfryer. Не е
наменет за подгревање.
Готвење со однапред поставена опција
1 Следете ги чекорите од 1 до 5 во поглавјето „Пржење со
врел воздух“.
2 Притиснете го копчето за мени. Иконата за замрзнати
закуски трепка. Притиснете го копчето за мени додека
трепка однапред поставената опција што сакате да ја
употребите.