User Guide

19МАКЕДОНСКИ
4 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за
да го започнете процесот на готвење.
Подготвување домашен помфрит
За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:
- Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит,
на пр. свежи, (малку) брашнести компири.
- Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во
количини до 500 g/18 oz за рамномерен резултат.
Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од
помалиот помфрит.
1 Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња
(дебелина од 10 x 10 mm/0,4 x 0,4).
2 Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода
најмалку 30 минути.
3 Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир
со крпа за садови или со хартиена крпа.
4 Сипете една супена лажица масло за јадење во садот,
ставете ги стапчињата во садот и мешајте сè додека
стапчињата не се премачкаат со масло.
5 Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски
прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во
садот.
Забелешка
Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња
во корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата.
6 Ставете ги стапчињата во корпата.
7 Пржете ги стапчињата од компир и протресете ја
корпата 2-3 пати за време на готвењето.